Наместо пластична операција, залепете маска

Една американска компанија од неодамна, на жените, по цена од неколку стотини долари им нуди маски кои се лепат на лицето, како алтернатива за „скапата и болна техника на пластичните операции за разубавување на лицето“.

namesto-palsticna-operacija-zalepete-maska

Маските под име "Uniface" се дело на дизајнерката Жујонг Ли која живее во Њујорк. Производителите на овие маски ветуваат дека со нивното користење „се зголемува самодовербата“, а направени се од био кожа за подобро да се поставуваат на лицето. Тие се прицврстуваат на лицето со специјален лепак.

„Нашите маски го исполнуваат сонот на секој кој сака да има лице кое се мери со денешните стандарди на убавина. На нив има џиновски очи. Долги трепки, висок нос и тесна брада, па така ќе си обезбедите живот полн со самодоверба“, пишува на рекламата за овој производ.

„Време е да се откажете од болните и опасни пластични операции, постојаното шминкање и дотерување, со Uniface маската со само еден чекор доаѓате до идеална убавина. Едноставно напрскајте ја со специјален лепило на местата кое се за тоа предвидени и ставете ја маската на лицето. Вашиот убав живот почнува со тој чекор“, се додава во рекламата.

Дали се работи за вистинска естетска револуција и дали после ова естетските хирурзи ќе останат без работа, ќе покаже иднината.

Што мислите вие?

Би можело да ве интересира:

Што облекоа гостите на забавата на „Убавина и здравје“ во Скопје? (фото) Викторија Лоба, Чарна Невзати, Марис Џолин, Октај Сејди, Светлана Црнокрак се са...
Вакви ѕвезди! Џенифер Лоренс купува на акција, носи облека од втора рака и евтини фустани на црвенио... Вистински пример за скромност! Таа е една од најдобрите актерки на денешницата, ...
„Вечност“: Новата колекција на дизајнерката Стефанија Насеска, инспирирана од Златните маски од Треб... Дали има нешто поемотивно и повредно  од тоа да ‘копаш’ по сопствената исто...
8 предлог комбинации со плетено здолниште за есен и зима Долго плетено здолниште со UGG чизмички или, пак, плетено мини здолниште со широ...
Зимски комбинации со тексас фустан – парче што се носи во секоја сезона (фото) Се комбинираат со животински принтови и аксесоари од кожа, а изгледаат мошне доб...
9 модни трендови кои ќе доминираат кај младите до крајот на 2025 Капри панталони, модерни спортски комбинации, тексас на тексас, животински принт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg