Најновите колекции на Fashion Group на Модниот Викенд во Скопје

Денес, 22 октомври, започнува Модниот Викенд есен/зима 2013-2014. Оваа сезона заедно со македонските дизајнери учествуваат и неколку комерцијални, светски познати брендови.

najnovite-kolekcii-na-fashion-group-na-modniot-vikend-vo-skopje-01

Така вечерва со почеток во 21:30 во Катната гаража “Св. Кирил и Методиј” ќе биде презентирана машката колекција есен/зима 2013-2014 на брендот Diesel.

Колекцијата на Diesel за оваа сезона се одликува со рафиниран стил, софистициран и класичен изглед, кој во себе ја носи рокерската нишка на брендот. Формалното и секојдневното балансираат, притоа не занемарувајќи ја андерграунд суштината на Diesel.

najnovite-kolekcii-na-fashion-group-na-modniot-vikend-vo-skopje-02

Црната и сивата боја се носечки, дополнети со јаки зимски бои, како петролеј, виолетова или пак темно црвена кај плетените парчиња и панталоните. Како и секоја сезона џинсот во сите нијанси и модели е доминанто парче облека во комбинација со сакоа, џемпери и кошули со впечатлив принт.

Утревечер пак, на истата локација во 21:30 ќе се одржи мешана ревија на повеќе брендови Fashion Group како што се Fashion&Friends со колекциите на Guess и Guess by Marciano, Replay, Scotch&Soda, Maison Scotch и Desigual. Сите овие се атрактивни, урбани брендови за оние кои ги следат модните трендови, но имаат желба за уникатност.

najnovite-kolekcii-na-fashion-group-na-modniot-vikend-vo-skopje-03

По оваа ревија ќе следат лежерните колекции на брендовите Celio* и Springfield, а вечерта ќе заврши со секогаш елегантните модели на Bitsiani. Сите брендови се направени во комбинација со чевли од BATA.

najnovite-kolekcii-na-fashion-group-na-modniot-vikend-vo-skopje-04

Би можело да ве интересира:

Серена Вилијамс видно ослабена, ќерката на Кејт Мос убавица – Познатите дами на Gucci настан во Мила... Гвинет Палтроу се појави во шарите на Gucci од глава до пети, Серена Вилијамс го...
Водителката на „Никад није касно“ е модна дама на 60 години - партнерот ја оставил бремена со близна... Партнерот ја напуштил додека била бремена со близнаците Бобан и Бојан, но таа ка...
Папучи со широки ремчиња наместо апостолки, блузи со голо рамо - Како да бидете шик ова лето? Оваа сезона, постојат работи кои навистина ќе мора да останат во вашиот плакар и...
Чевли кои можеби нема да ви се допаднат, а се најмодерни оваа сезона (фото) Според стилистите, овие модели се исклучително модерни, но им се допаѓаат само н...
Ќе се вљубите: Панталони на преклоп - хит модниот тренд за 2026-та (фото) Некои од овие панталони создаваат ефект на „здолниште над панталони“, некои се в...
Вирална кошула од ZARA која сите ја имаат сезонава – совршена за на работа (фото) Кошулата со сини и црвени пруги и голема панделка околу вратот изгледа како сите...

Најчитани неделава