Новите ангели на „Викторијас сикрет“

На спектакуларната ревија на модната куќа „Викторијас сикрет“ покрај добро познатите ангели, Адријана Лима, Алесандра Амбросио и Дауцен Круз, се појавија и некои нови.

novite-angeli-na-viktorias-sikret-01

Исто како и нивните постари колешки, самоуверено шетаа по пистата и покажаа дека новата ера на овој бренд ќе биде подеднакво гламурозна и секси како и претходната.

SARA SAMPAIO

Sara Sampaio (22), португалски модел, минатата година потпишала договор со „Викторијас сикрет“, а веќе оваа година учествуваше на својата прва годишна ревија. Девојката од насловните страници на списанијата “GQ”, “Elle”, “Vogue” , “Glamour”, позната и како заштитно лице на брендот “Calzedonia”, вели дека во текот на денот изгледа како „нормална девојка“, а на пистата на сопствено изненадување се трансформира во вистинска дама.

novite-angeli-na-viktorias-sikret-02

MARTA HUNT

Американската манекенка Marta Hunt (24) исто така премиерно беше на годишната ревија на „Викторијас сикрет“. Титулата на ангел на оваа куќа ја доби во март оваа година. Оценета како новата Кендис Свонпул, таа прво заблеска во кампањата за долна облека, а потоа прошета рамо до рамо со познатите колешки.

novite-angeli-na-viktorias-sikret-03

DEVON VINDSOR

Помеѓу оние кои за прв пат прошетаа на ревијата на „Викторијас сикрет“ се наоѓа и Девон Виндсор (19). Американска манекенка која оваа година му се придружи на тимот и веднаш стана дел од спектакуларното шоу.

novite-angeli-na-viktorias-sikret-04

LILI DONALDSON

Оваа 26 годишна Британка веќе три години е во светот на модата. За прв пат се појави во улога на ангел минатата година.

novite-angeli-na-viktorias-sikret-05

MING XI

Оваа девојка била финалистка на Елит модел лук во 2009 година и завршила како трето пласирана. Има 23 години, а работела за „Живанши“, „Ели Сааб“, „Луј Витон“....

novite-angeli-na-viktorias-sikret-06

KASIA STRUSS

Парискиот “Вог” ја вброи во 30 најдобри модели во претходната деценија, а таа со своите 25 години веќе ги краси светските насловни страни. Вистинското име на оваа девојка е Katarzyna Strusinska.

novite-angeli-na-viktorias-sikret-07

Би можело да ве интересира:

„И на 43 години носам мини фустанчиња - зошто никогаш не сме престари за тоа?“ „Го обожавам изгледот на мини фустан, но на 43 години мислев дека тие денови се ...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...
Антониа Гиговска, Теодора Џехверовиќ и Сара Јо со трендот за коса кој е хит летово - На која ѝ стои ... На еден од најголемите летни трендови за коса ова лето не останаа имуни ни пејач...
Кобалтно сината е најпопуларната боја за 2026-та – како да ја комбинирате? (фото) Ако не сакате да ризикувате, можете да ја освежите комбинацијата со кобалтно син...

Најчитани неделава