Трикови за свеж изглед

Вашата кожа нема сјај, а вие не сте се наспале добро и изгледате уморно. Постојат начини на кои можете брзо и ефикасно самите да и ја вратите младоста...

 


... и свежината на вашето лице. Сте имале бурна ноќ и сте заспале а не сте ја тргнале шминката од вашето лице. Неоправдано. Сепак иако тоа се случило можете да направите добар пилинг и потоа да направите лицето да се чувствува полесно со ослободувањето на токсините.

Да не заборавиме и кога го миете лицето да го правите тоа со ладна вода. Ова е најдобар совет за да ја одржите вашата кожа млада. Пред спиење одвојте време за да се погрижите за вашата кожа.

trikovi-za-svez-izgled1
Понекогаш е добро дури и ако имате масна кожа, можете да нанесете мрсна крема со цел лицето да биде блескаво. Ноќта е доволно долга за да кожата ги впие сите потребни состојки од кремата.

Сонот на добра перница е исто така многу важен. Немојте да спиете во неприродна положба, а перницата да не биде повеќе од 10 см дебелиназа да имате подобра циркулација на лицето. Така можете да ги спречите и брчките на вратот.

Ако вашите очи изгледаат отечено може да земете памук и да го змрзнете во замрзнувач. Ставете го на вашите подочњаци и почекајте да започне микроциркулацијата. Отокот ќе се намали а вие ќе изгледате свежо. Природната шминка е најдобра камуфлажа за уморно лице.

Немојте да претерувате со количината на шминка ако сте исцрпени. Наместо тоа користите 3 основни работи. Сјај, руменило и маскара. Руменилото може да биде со нежна нијанса за да добиете свеж и природен изглед. На усните можете да нанесете безбоен сјај или некоја друга нежна нијанса.

Би можело да ве интересира:

Македонки и Србинки се приклучија на виралниот тренд – жолта ќеса за ѓубре како Balenciaga чанта од ... Откако на филмски фестивал актерка се појави со обична ќеса што сите мислеа дека...
Модели на чевли што ќе доминираат во 2026-та Женствени салонки со ниска или средна потпетица, како и ретро кломпи идеални во ...
Папучи со широки ремчиња наместо апостолки, блузи со голо рамо - Како да бидете шик ова лето? Оваа сезона, постојат работи кои навистина ќе мора да останат во вашиот плакар и...
Трендови кои се вистинско промашување според обичните луѓе - здолниште со 2 шлица, „мокра“ шминка Здолниште со 2 шлица, „мокра“ шминка, крокс кломпи за на улица... Некои трендови...
Се враќаат во мода скејтерските патики – како ги носат тренди девојките? Скејтерската естетика со препознатливите Vans патики и слични на нив се враќа на...
Пет деловни комбинации со фармерки кои се удобни, а изгледаат стилски Темен аутфит со фармерки и мокасини или бели фармерки со кошула и балонер. Те...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg