10 парчиња облека кои секоја жена мора да ги има

Модните трендови се менуваат со огромна брзина и тешко е постојано да се следат. Но и покрај промените, постојат парчиња облека кои се универзални и никогаш не излегуваат од мода.

10-parcinja-obleka-koi-sekoja-zena-mora-da-gi-ima-01

Парчиња кои секогаш може да ги комбинирате на различни начини.

Ако сакате да се придружите на паметниот шопинг и својот гардеробер да го наполните со работи кои ќе можете да ги носите со години, дознајте ги десетте парчиња облека кои задолжително мора да ги имате

1. Бела кошула – може да ја комбинирате со здолниште, со панталони или фармерки и никогаш нема да погрешите.

10-parcinja-obleka-koi-sekoja-zena-mora-da-gi-ima-1

 

2. Рамни фармерки – моделот со рамни ногавици секогаш може да го носите, а идеален е за комбинирање со високи потпетици или со балетанки. Фармерките може да изгледаат опуштено, но и секси. Зависи од тоа со што ќе ги комбинирате.

10-parcinja-obleka-koi-sekoja-zena-mora-da-gi-ima-2

 

3. Тесно здолниште до колена – тесно и елегантно, ова е едно од најпрактичните парчиња. Без разлика дали се работи за професионален состанок, коктел забава или свадба, ова здолниште може секогаш да ја истакне вашата елеганција и вашиот сексапил.

10-parcinja-obleka-koi-sekoja-zena-mora-da-gi-ima-3

 

4. Кожна јакна – вечно парче кое поднесува буквално се. Пронајдете го кројот кој вам најдобро ви одговара и облечете го во која било комбинација. Нема да погрешите.

10-parcinja-obleka-koi-sekoja-zena-mora-da-gi-ima-4

 

5. Црно палто – Инстант решение за истакнување на стилот и моден спасител кој и наједноставната комбинација ја претвора во елегантен изглед. Може да се комбинира со фармерки, панталони, здолниште и фустан.

10-parcinja-obleka-koi-sekoja-zena-mora-da-gi-ima-5

 

6. Црна кожна чанта – за добра и квалитетна чанта, вреди да потрошите и повеќе пари. Освен што ќе ви трае многу години, ќе се вклопи и во секојдневниот и во професионалниот изглед.

10-parcinja-obleka-koi-sekoja-zena-mora-da-gi-ima-6

 

7. Класичен капут – иако трендовите постојано се менуваат, добриот класичен капут со двојни копчиња никогаш не излегува од мода.

10-parcinja-obleka-koi-sekoja-zena-mora-da-gi-ima-7

 

8. Рамни чизми – практични, удобни и елегантни. Рамните чизми без никакви апликации и додатоци се полн погодок. Може да ги носите со сите комбинации и да не погрешите.

10-parcinja-obleka-koi-sekoja-zena-mora-da-gi-ima-8

 

9. Малиот црн фустан – парче со кое на ниедно место нема да погрешите, а ќе ви одговара во секоја прилика.

10-parcinja-obleka-koi-sekoja-zena-mora-da-gi-ima-9

 

10. Потпетици со боја на кожа – иако сите зборуваат дека црните чевли одговараат на сè, овие потпетици се уште пофлексибилни. Ногата ја прават елегантна, а совршено се вклопуваат со која било боја или дезен на облеката.

10-parcinja-obleka-koi-sekoja-zena-mora-da-gi-ima-10

Би можело да ве интересира:

Чести модни грешки со кои самите несвесно си додавате години Многу жени избираат искинати фармерки со надеж дека ќе им дадат младешки изглед....
5 модни комбинации кои се удобни за патување, а изгледаат стилски Ленен комплет со тренди влечки или кратки панталони и маичка – и во удобна облек...
Модни парчиња од 1990-тите кои ќе се вратат во полн сјај во 2025-та Фармерки со низок струк, палта од твид, рачно изработен накит - некои трендови с...
Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...
Осум тренди парчиња што ви се доволни за да го поминете целото лето Ленените панталони се задолжително летно парче, исто како и едноставната еднобој...
6 тренди модели на панталони, идеални за пролетни комбинации Панталони со риги, широки панталони со кралско сина нијанса, но и хеланки – неко...

Најчитани неделава