Како црвениот кармин да ви трае подолго?

Средени сте и подготвени за идеален провод, изгубивте 20тина минути со нанесувањето на црвениот кармин, за непосредно пред излегувањето од дома да сфатите дека карминот веќе започнал да се размачкува.

kako-crveniot-karmin-da-vi-trae-podolgo-01

Ако сакате бојата да ви трае цела ноќ, потребно е само да ги следите овие 5 чекори кои се најголемата тајна на сите врвни шминкери:

1. Подгответе ги усните

Ништо не изгледа полошо од црвен кармин на испукани усни. За карминот да потрае потребно е усните да бидат негувани. За почеток, направете пилинг од 1 лажица шеќер и половина лажица мед, а потоа нанесе хидратантна крема.


2. Вложете во добар кармин

Побарајте долготрајна и водоотпорна формула. Можеби ќе потрошите некој денар плус, но ќе се поштедите од постојаните корекции.


3. Нанесете го карминот правилно

Правилната постапка започнува со оцртување на усните со малку потемно моливче за усни од вашата природна боја, а потоа нанесете го карминот. Нежно отстранете го вишокот со хартија, а потоа нанесете уште еден слој.


4. Нека биде совршено

Со коректорот кој го користите за покривање на недостатоците на кожата исцртајте ги надворешните линии од усните. Добро размачкајте, а потоа нанесете пудра во прав. Со ова ќе го избегнете создавањето на нерамни линии околу усните.


5. Отстранете го вишокот

За крај, ставете го показалецот во устата и повлечете го. На него ќе се насобере карминот со кој сте претерале и кој инаку би завршил на вашите заби.

Би можело да ве интересира:

Гвинет Палтроу без гаќи, Ен Хетавеј гламурозна - Најлошо и најдобро облечените ѕвезди на Оскари 2026 Гламур, стил, но и модни промашувања на црвениот тепих на најважната филмска ноќ...
Модата на црвениот тепих на втората вечер на „Макфест“ 2025 Што облекоа посетителите на Макфест 2025, а што облекоа водителите и учесниците?...
Џорџо Армани 50 години го создаваше стилот на Холивуд - најубавите креации на кралот на модата на цр... Тина Тарнер, Џулија Робертс, Кејт Бланшет, Џоди Фостер, Ријана се само дел од св...
Хајди Клум во „гол“ фустан - Најубаво и најлошо облечените дами на Греми 2026 Иако многу ѕвезди воодушевија со стилот, имаше и такви кои делуваа непристо...
Марго Роби го износи најсмелиот фустан на црвениот тепих - илузија на голо тело со видлива танга и К... На премиерата во Лондон, Марго дојде со својот филмски партнер, Колин Фарел - до...
Розови влечки и лакирани нокти за црвениот тепих - Џејсон Момоа со смел моден избор, откако дојде со... Актерот, кој често знае да изненади со својот моден избор, и овој пат привлече в...

Најчитани неделава