Што треба да знаете кога одбирате парфем

„Жената која не носи парфем, нема иднина“ е позната изјава на фамозната Коко Шанел, која е актуелна со децении. Но, како да го изберете вистинскиот во илјадниците понудени?

sto-treba-da-znaete-koga-odbirate-parfem-01

Овие 5 работи е добро да ги знаете за да можете да го изберете совршениот парфем за секоја прилика:

1. Еден од најважните совети гласи: Никогаш не купувајте парфем пред да го испробате! Повеќето парфеми би требало да имаат тестери, па не би било проблем да ги пробате. Прснете на облеката и видете дали мирисот ќе се задржи во наредните неколку дена, за да не потрошите цело богатство ако мирисот не ви одговара според сите желби.

2. Сè што има секси призвук и опис треба да го зачувате за ноќните излегувања. Но, таквите мириси може да ги носите и во мало шишенце во чантата. Така лесно ќе преминувате од работна во опуштена атмосфера со менување на мирисот.

3. Мирисите се губат по неколку часа носење, а вие сакате да ви траат цела ноќ. Затоа играјте само на една карта – покрај омилениот парфем имајте и подготвен дезодоранс за тело со слични мирисни ноти како парфемот кој го користите. Покрај тоа на зглобовите на рацете ставете неколку капки од некое етерично масло.

4. Оние кои сакат слатки цветни мириси нека бараат парфеми со нота на ванила и карамела кои не се премногу нападни. Тие се идеални за често освежување во текот на денот.

5. Понекогаш е потребно да посегнете по универзален мирис, оној кој ги опфаќа двата пола, кој се носи со одела и машки и женски. Тие често се опишуваат како ориентални и најчесто се долготрајни.

Би можело да ве интересира:

Папучи со широки ремчиња наместо апостолки, блузи со голо рамо - Како да бидете шик ова лето? Оваа сезона, постојат работи кои навистина ќе мора да останат во вашиот плакар и...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Чести модни грешки со кои самите несвесно си додавате години Многу жени избираат искинати фармерки со надеж дека ќе им дадат младешки изглед....
Моден тренд кој му одолева на времето: Како да носите „точки“ во пролет 2026? На здолништа, панталони, кошули, марами, дури и на тренерки - популарните точки ...
Идеи како стилски да носите кожен мантил во разни комбинации Ако немате идеја како да го носите кожениот мантил – ви предлагаме неколку модни...
6 бои на чевли што ќе ги носиме оваа есен (фото) Иако светлите нијанси како беж се попопуларни во потоплите месеци, можат да бида...

Најчитани неделава