За 12 минути до беспрекорна шминка

Да можат, сите девојки би поминувале по 2 часа пред огледалото. Но, затоа што пред секое излегување немате на располагање по неколку часа за дотерување, вреди да пробате во само неколку чекори да го доведете својот изглед до совршенство.

za-12-minuti-do-besprekorna-sminka-01

Кога имате само 10-15 минути на располагање, еве што треба да направите:

1. Започнете со вашиот секојдневен крем за лице, по можност со заштитен фактор.

2. Нанесете лесна течна пудра. Таа треба да се изедначува со вашиот тен или да биде една нијанса посветла, во никој случај потемна.

3. Коректор не нанесувајте, освен ако имате мозолче кое сакате да го прикриете.

4. Нанесете светла сенка на очните капаци за свеж изглед или светло кафена која ќе го сокрие вашиот замор и ненаспаност. Со сенката го спречувате креонот да се размачка по неколку часа.

5. Исцртајте ги совршените мачкини очи со црно моливче. Повторете ги линиите по 1 минута со туш за очи, за да добиете повпечатлив ефект.

za-12-minuti-do-besprekorna-sminka-02

6. Во внатрешниот долен дел, нанесете бел креон кој ќе ги истакне вашите очи.

7. Нанесете ја вашата омилена црна маскара. Иако маскарите во боја се во тренд  овој период, сепак црно си е црно.

8. Пополнете ги вашите веѓи со моливче за веѓи, доколку има потреба. Нијансата нека биде слична на природната боја на влакното, никако потемна, ќе оставите вештачки впечаток.

9. Преминете на образите. Ставете руменило во познатата бакнеж поза, за да го нанесете рамномерно и правилно. Одлучете се за руменило со боја на праска, која ќе ви даде блескав изглед во природна боја.

10. За крај, усните. Нанесете моливче за усни во светло розова боја. Пред  да ставите кармин, истапкајте ја  устата со сунѓерчето од камената пудра. Така тој ќе трае подолго.

На вас останува дали ќе се одлучите за розов мат кармин, кој одлично ќе се вклопи со моливчето или обичен, безбоен сјај. И двете ќе  дадат нежен, секси одраз на вашето лице во огледалото.

Вреди да испробате!

Би можело да ве интересира:

7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...
Кобалтно сината е најпопуларната боја за 2026-та – како да ја комбинирате? (фото) Ако не сакате да ризикувате, можете да ја освежите комбинацијата со кобалтно син...
Девојките летово се опседнати со еден хит тренд – сè во гуава розова боја (фото) Лето 2025 носи нова тренд боја што девојките ја обожаваат - гуава розова е хит з...
Модни комбинации со панталони што ѝ одговараат на секоја жена - Како да ги носите оваа есен? Со доаѓањето на есента, дождот и студеното време, лесните фустани ги заменуваме ...
Шест впечатливи комбинации на бои идеални за пролетни аутфити Пудра розова и боја на песок, но и небесно сина во комбинација со путер жолта – ...

Најчитани неделава