Зошто жените обожаваат високи потпетици?

Еден пар за на работа, друг за вечерно излегување, трет чифт за во театар... Со плута или без неа, отворени прсти или затворени, со цветен дезен или еднобојни, во гардероберот на секоја жена, несомнено постојат повеќе од десет чифта на високи потпетици.

zosto-zenite-obozavaat-visoki-potpetici-01

Жените ги обожаваат, но и мажите не остануваат рамнодушни кога ќе здогледаат жена со високи потпетици, особено ако тие се во црвена боја.

Иако, не секој пар може да биде удобен и лесен за носење како што посакува секоја жена, сепак тие се неизоставен дел од гардероберот.

Во продолжение  неколку причини зошто жените обожаваат да носат високи потпетици :

1. Една од најголемите причини за нивно носење е фактот што жените ги прават повисоки . Тоа е голема предност на жените во однос на мажите, каде што оние пониските жени можат во секој момент да изгледаат повисоко доколку тоа го сакаат.

2. Жените кои носат високи потпетици, го зголемуваат нивото на својата самодоверба во јавноста.

3. Носејќи високи потпетици, секогаш внимавате на вашиот од за тој да изгледа елегантно и правилно.

4. Дефинитивно, жените кои носат високи потпетици изгледаат впечатливо, софистицирано и привлечно.

5. Факт е дека мажите ги забележуваат повеќе жените кои носат високи потпетици.

6. Пепелашка е доказ дека високите потпетици можат да ви го променат животот.

7. Прекрасни се и можете да ги комбинирате со различни видови на гардероба.

8. Благодарејќи на високата потпетица, задникот на жената изгледа доста секси.

Девојки? Нешто да додадете?

Би можело да ве интересира:

7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...
Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото) Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...
9 модни парчиња кои не треба да ги купувате за есен-зима 2025 (излезени се од мода) Беж чизмите до глужд со патент и дрвена штикла заменете ги уште веднаш со чокола...
Кобалтно сината е најпопуларната боја за 2026-та – како да ја комбинирате? (фото) Ако не сакате да ризикувате, можете да ја освежите комбинацијата со кобалтно син...
Папучи со широки ремчиња наместо апостолки, блузи со голо рамо - Како да бидете шик ова лето? Оваа сезона, постојат работи кои навистина ќе мора да останат во вашиот плакар и...
Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...

Најчитани неделава