Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Eucerin® Лосион за тело за под туш за чувствителна кожа

Новиот Eucerin® Лосион за тело за под тушсо 5% декспантенол се користи уште додека сте во тушот, веднаш откако ќе се избањате и исплакнете. Придобивка: не ви се потребни повеќе навлажнувачи за кожата после капењето. Едноставно исушете се и веднаш облечете се!

eucerin-losion-za-telo-za-pod-tus-za-cuvstvitelna-koza

Постојат многу причини зошто луѓето не сакаат да користат лосион за тело. 49% велат дека немаат доволно време, додека на 28% не им се допаѓа чувството на лепливост кое го остава на нивната кожа лосионот за тело, а особено мажите не го сакаат непријатното чувство кога лосион за тело се задржува на влакната на нивното тело. Сепак, повеќето луѓе со нормална до чувствителна кожа, се чини дека не се доволно свесни за тоа колку е важна хидратацијата во зајакнувањето на одбранбениот механизам на кожата. 39% од луѓето само повремено користат лосион за тело. "Кожата нè штити од влијанијата на животната средина и не му дозволува на телото да ја губи влагата," вели Анет Бургер која работи во Баерсдорф АГ во одделот на Eucerin за развој на производите. "Да се ​​задржи кожата силна, важно е редовно да ѝ се овозможува доволно влага - а чувствителната кожа бара посебна грижа", истакнува таа.

Eucerin® Лосион за тело за под туш нова рутина во грижата за кожата

Новиот производ е достапен во аптеките и им овозможува на корисниците да ја зајакнат својата кожа и да се грижат за неа на едноставен начин.  Иновативниот Eucerin ® pH5 Лосион за тело за под туш од линијата на Eucerin® pH5 нега за чувствителна кожа се нанесува на влажна кожа, по предходно измивање со гел за туширање. Иновативната формула овозможува кожата многу брзо да го апсорбира со што се обезбедува практична заштеда на време, а кожата е хидрирана. Станува збор за мешавина на липиди кои фино се распоредуваат во водата преку процес на дисперзија. Анет Бургер објаснува: "Оваа иновативна хидро-дисперзивна технологија беше развиена во нашите лаборатории и гарантира дека производот останува на влажната кожа и може да се апсорбира брзо, иако кожата на крај ќе ја исплакнете. Формулата не содржи емулгатор, но сепак успева да формира стабилна комбинација на масло и вода. Заедно со вистинската комбинација на состојки оваа нова формула гарантира дека содржината која ќе остане на кожата е доволно ефикасна за да ја навлажни и да се зајакне кожната бариера по секоја редовна употреба“.

Нежна но ефикасна за чувствителната кожаeucerin-losion-za-telo-za-pod-tus-za-cuvstvitelna-koza-2

Нежната формула од првиот лосион за тело за под туш достапен во аптеките е особено добро прилагодена за чувствителна кожа. " Eucerin ® Лосионот за тело за под туш содржи 5 % декспантенол, кој ја смирува кожата и ефикасно ја навлажнува", вели Анет Бургер. „На овој начин се зголемува природната заштитна функција на кожата“. Резултатот е мазна и заштитена кожа.

Eucerin ® Лосионот за тело за под туш треба да се применува во следниве чекори:

1. Прво, измијте ја кожата со вашиот вообичаен производ за туширање, на пример, со  Eucerin®pH5 Маслото за туширање за чувствителна кожа и исплакнете темелно.
2. Накратко исклучете ја водата и хидратирајте го телото со лосионот за тело за под туш. Благодарение на иновативната формула, кожата може да го апсорбира многу брзо.
3 . Накратко исплакнете, исушете се и облечете се, како и обично - за мазна и заштитена кожа без лепливо чувство.

Eucerin ® Лосионот за тело за под туш не содржи емулзивни додатоци. Неговата ефикасност и подносливоста на кожата е докажана во клиничките и дерматолошките студии. "Не само што бевме во можност да покажеме дека сосема доволно од производот останува на кожата, но исто така можевме да се убедиме во ефикасноста на производот како што е измазнета кожа, навлажнета и зајакната кожна бариера" , објасни Анет Бургер. „Покрај тоа, ние спроведовме две клинички студии, кои покажаа многу добра ефикасност и подносливост дури и кај пациентите со осетлива кожа или со кожни болести", додаде таа.

Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Моден двобој на светските ѕвезди: На која ѝ стои подобро? Кога Тејлор Свифт и Хајди Клум ќе облечат исти едноделни патналони, двете изглед...
Keндал Џенер во впечатлив гол фустан, од кој ѝ „претекува“ кожа на грбот Фустанот, кој дава оптичка илузија на пренагласени колкови и голотија, потсетува...
Путер жолта и сина – омилен спој за пролетните (и летните) комбинации (фото) Путер жолтата е тренд за пролет 2025, а во комбинација со сина изгледа уште подо...
Како да го изберете совршениот костим за капење (според обликот на телото)? Ако имате стомаче и сакате да го скриете, не мора да носите исклучиво едноделни ...
5 типа маникир кои делуваат кич (и како да изберете подобра алтернатива) Неонски бои, црн лак - некои трендови во маникирот треба да се заменат со нови, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg