Модни совети за ниски момци

Неодамна откривме неколку модни совети за ниски девојки, па момци немојте да мислите дека сме заборавиле на вас.

modni-soveti-za-niski-momci-01

Постојат многу трикови кои ниските момци, можат да ги практикуваат а, притоа да добијат задоволувачки резултати. Доколку ги следите овие неколку пратктични совети, ќе изгледате повисоко и сигурни сме дека ќе ја зголемите својата самодовореба.

Пропорции

Според Коко Шанел, модата е како архитектура, што значи најважни се вистинските пропорции. Најчестата грешка заради која изгледате ниско е лошиот баланс на облека. На тој начин, не само што изгледате пониско, туку несвесно си ги истакнувате сите маани на телото.

Не е доволно само да се чувствувате добро во одредено парче облека, туку тоа мора и добро да ви прилега.

Запомнете, секое парче облека има четири базични елементи: пропорции, линии, боја и текстура. За да изгледате витко и повисоко, барем еден од овие четири елементи, мора да ви биде перфектно синхронизиран со телото.

Темни неутрални бои

Овие нијанси ве прават да изгледате повитки и повисоки. Колку е потемна бојата, толку подобро.

Темната облека е одлична за секоја пригода, и лесно може да се комбинира. Но немојте премногу да играте со боите, практикувајте облекување во една.

Не купувајте предолги палта

Палтата и јакните секогаш нека ви бидат на должина отприлика над струкот, така вашите нозе ќе изгледаат подолги. Но не заборавајте, панталоните секогаш да ви бидат во висина малку над струкот, така ќе добиете одличен моден погодок.

modni-soveti-za-niski-momci-02

Кратка коса

Дефинитивно ќе ве направи да изгледате повисоки. Воедно, избегнувајте носење на марами - сè што ви го прикрива вратот ве прави да изгледате пониски.

Заборавете на широките маици и преголемите кошули

Купувањето поголем број облека во ниеден случај нема да ве направи да изгледате повисоко или покрупно, туку го има спротивниот ефект.

Купувањето на облека што го има вашиот број, ќе ви даде допир на елеганција и повисок изглед.

Краватите никако не смеат да ви бидат предолги

Доколку краватата ви ја допира половината, тогаш сте направиле модна грешка.

Кошулата секогаш носете ја под панталоните

На тој начин дефинитивно ќе изгледате повисоки, инаку носејќи ја однадвор добивате спротивен, негативен ефект.

Чевли со повисока потпетица за мажи

Секако на ниските жени им е полесно со високите потпетици, но можете да најдете и чевли за мажи со малку поткрената потпетица. Заедно со сите претходно напоменати совети ќе добиете одличен изглед и ќе изгледате повисоки.

Би можело да ве интересира:

Чевли кои можеби нема да ви се допаднат, а се најмодерни оваа сезона (фото) Според стилистите, овие модели се исклучително модерни, но им се допаѓаат само н...
9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
5 совети за да изберете модерен, а не застарен мантил за есен 2025, според стилистите Избегнувајте тесни мантили припиени до телото, но и модели над колено. Кои типов...
Папучи со широки ремчиња наместо апостолки, блузи со голо рамо - Како да бидете шик ова лето? Оваа сезона, постојат работи кои навистина ќе мора да останат во вашиот плакар и...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...

Најчитани неделава