Направете сами: Фризурата на принцезата Кејт како вистински моден хит (видео)

Во елегантен и лежерен стил, фризура која никогаш не излегува од мода и одговара во секоја прилика. Но, за тоа што оваа сезона е сè повеќе истакната заслужна е принцезата Кејт која многу често ја забележуваме со ваквата фризура.

napravete-sami-frizurata-na-princezata-kejt-kako-vistinski-moden-hit-video-01

Покрај тоа што е елегантна и лежерна , може да ја направите за само минута до две.

Прво убаво расчешлајте ја косата и од напред извлечете еден подолг прамен на кој ќе прикачите шнола за да не ви се меша со остатокот на косата.

Целата останата коса соберете ја во полувисоко опавче и зацврстете ја со стегач. Издвоениот прамен повлечете го наназад, поделете го на два дела и намотајте ги околу стегачот.

Зацврстете ги со шноли, а собраното опавче расчешлајте го за да биде побујно.

Погледнете го видеото и направете си кралска фризура:

Би можело да ве интересира:

Вирална кошула од ZARA која сите ја имаат сезонава – совршена за на работа (фото) Кошулата со сини и црвени пруги и голема панделка околу вратот изгледа како сите...
Папучи со широки ремчиња наместо апостолки, блузи со голо рамо - Како да бидете шик ова лето? Оваа сезона, постојат работи кои навистина ќе мора да останат во вашиот плакар и...
Ретро летен тренд: Марама врзана на главата, како Џеј Ло и Бијонсе во 2000-тите (фото) Летово се врати уште еден тренд од раните 2000-ти – марами врзани на горниот дел...
Moдните изданија на македонските познати дами на Саемот за венчавки - Антониа Гиговска издоминира со... Саемот за венчавки се одржува од 20 до 22 февруари годинава, а по традиција, пов...
Серена Вилијамс видно ослабена, ќерката на Кејт Мос убавица – Познатите дами на Gucci настан во Мила... Гвинет Палтроу се појави во шарите на Gucci од глава до пети, Серена Вилијамс го...
6 тренди модели на панталони, идеални за пролетни комбинации Панталони со риги, широки панталони со кралско сина нијанса, но и хеланки – неко...

Најчитани неделава