Девојки, само за ваши очи: Ова се најзгодните манекени во светот

Убави, згодни, славни и богати момци кои секоја девојка би ги посакала покрај себе. Тоа се најубавите манекени кои со своите мускули и продорни погледи го разубавуваат денот на секоја жена.

devojki-samo-za-vasi-oci-ova-se-najzgodnite-manekeni-vo-svetot-01

Шон Опрај е американски модел и манекен за кој се проценува дека вреди околу 6,5 милиони долари. Тој во светот на модата влегол уште кога имал 17 години, а оттогаш до сега бил дел од кампањите на „Calvin Klein“, „Giorgio Armani“, „Versace“, „Dolce & Gabbana“, а учествува и на спотот на Мадона за песната „Girl gone wild“.

Џон Кортахарена (29) е секси Шпанец со кој Мадона беше во врска откако раскина со Хесус. И тој се појавува во нејзиниот спот за „Girl gone wild“. Покрај тоа, учествува и во модните кампањи на „Cavali“, „Trusardi“, „Versace“ и „Disel“.

Тајсон Балоу е еден од најпознатите и најбараните машки манекени во модната индустрија. Иако веќе има 37 години, а тоа го прави уште попривлечен. Минатата година се најде на седмото место на листа најплатени манекени според магазинот „Форбс“.

Дејвид Ганди е едно од најзвучните и најпознатите имиња во светот на модата, барем во светот на машките модели. Тој одамна се занимава со оваа работа, но по кампањата за „Dolce & Gabbana“, стана планетарно познат. Минатата година се најде на второ место на листата најплатени според „Форбс“.

Симон Несман (24) е исто така еден од најуспешните во својата професија. Убавиот Канаѓанец се занимава со оваа работа уште од 2007 година. Најпознат е како заштитно лице на „Armani“, но соработувал и со многу звучни имиња од модниот свет.

Можеби се сеќавате на Ноа Милс како еден од момците на Саманта од серијата „Сексот и градот“? Во приватен живот тој е еден од најпознатите манекени во светот, но се занимава и со глума. Тој е петти по ред со најдобра заработка.


Погледнете ги најзгодните манекени во светот:

Би можело да ве интересира:

Модата на црвениот тепих на втората вечер на „Макфест“ 2025 Што облекоа посетителите на Макфест 2025, а што облекоа водителите и учесниците?...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Модата на Златна Бубамара 2026 - Кристина Димитри со шлиц кој не се одминува, Владо Јаневски е поим ... Иво Јанковски и Ирена Спировска модно издоминираа во публиката, но кој остави на...
Кобалтно сината е најпопуларната боја за 2026-та – како да ја комбинирате? (фото) Ако не сакате да ризикувате, можете да ја освежите комбинацијата со кобалтно син...
Ревиите на втората вечер на Shtip Fashion Days 2025 На 11 октомври, модата продолжи да дише. Вториот ден започна со емоција ома...
Предлог комбинации за девојките вљубени во модата од 1990-тите (фото) Тексас шорцови, маичка и патики или, пак, тексас фустан со бели патики – која ви...

Најчитани неделава