Момци, еве како правилно да носите сако и фармерки

Изминативе неколку години, сакото во комбинација со пар фармерки е дефиниција за лежерна елеганција и вечна класика, но ретко кој маж знае правилно да носи овој тренд.

momci-eve-kako-pravilno-da-nosite-sako-i-farmerki-video-01.jpg

За да не направите модна грешка сакајќи да изгледате префинето, еве како да ги искомбинирате овие две парчиња облека.

Какво сако да одберете?

- Би требало да ги избегнувате моделите со потпунки. Премногу се формални и резервирани за деловни состаноци.

- Во комбинација со фармерки, прифатливи се само сакоата со едно или две копчиња. Сакоата со два реда копчиња се премногу формални за секојдневниот џинс, додека сакоата со три копчиња најдобро изгледаат кога се откопчани.

- Сакото мора да биде добро скроено и струкирано. Струкот би требало да биде воочлив, но не премногу нагласен.

- Избегнувајте сакоа кои се направени од волна, твид или материјал со сјај. Бирајте едноставни материјали или сакоа со минимална текстура.

Какви фармерки да одберете?

- Не е исто да бирате фармерки за секој ден и фармерки кои ќе ги носите со сако. Обрнете внимание на кројот и моделот. Фармерките не би требало да „висат,“ туку да бидат потесни околу струкот и колковите.

- Фармерките не смее да имаат странични џебови. Не смеат да бидат во класична боја, односно да бидат светол тексас. Рабовите во контрастна боја се добра карактеристика, како и декоративните рабови.

- Едно од клучните правила гласи: фармерките не смее да бидат во иста боја како сакото, туку посветли или потемни од него. Контрастот мора да биде воочлив.

- Имајте на ум дека темните фармерки даваат формален изглед, додека светлите, па дури и бели фармерки се идеална комбинација за полежерна прилика.

Би можело да ве интересира:

Модни парчиња од 1990-тите кои ќе се вратат во полн сјај во 2025-та Фармерки со низок струк, палта од твид, рачно изработен накит - некои трендови с...
Чести модни грешки со кои самите несвесно си додавате години Многу жени избираат искинати фармерки со надеж дека ќе им дадат младешки изглед....
Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...
Предлог комбинации со бели фармерки, идеални за студените месеци (фото) Со морнарско сина боја или со дебел џемпер – белите фармерки се идеални за во зи...
5 тренди пролетни комбинации со бели фармерки (идеални за променливо време) Со џемперче на риги или со кардиган и кломпи – како да ги комбинирате белите фар...
Модни формули за најпопуларните пролетни комбинации на Pinterest (со облека што веќе ја имате) Бели фармерки со тексас кошула или сив џемпер, во комбинација со црни мокасини и...

Најчитани неделава