7 причини поради кои вашата чанта изгледа евтино

После високите потпетици, чантата дефинитивно е омилениот додаток на секоја жена. За жал, жените често прават грешка при одбирањето на истите.

7-pricini-poradi-koi-vasata-canta-izgleda-evtino-01.jpg

Ако некоја чанта ви изгледа ви изгледа како совршена комбинација со вашите чевли, не значи дека изгледа префинето и скапо.

За да го избегнете го евтиниот изглед, ви ги посочуваме најчестите грешки кои ги правите:

1. Не е изработена од природен материјал

Не станува збор за тоа дека секоја чанта мора да е изработена од вистинска кожа, напротив, еко кожата има многу помодерни варијанти. Само треба да се оддалечите од синтетиката. Сите материјали кои делуваат неприродно под прстите, делуваат и евтино.

7-pricini-poradi-koi-vasata-canta-izgleda-evtino-02.jpg



2. Нема текстура, ниту личен печат

Кога веќе одбирате едноставен модел во црна, бела или крем боја, погрижете се да има минимална текстура. Линиите и облиците на материјалот може да додадат многу поголема вредност, отколку едноличната кожа.

7-pricini-poradi-koi-vasata-canta-izgleda-evtino-03.jpg



3. Очигледно е реплика на некој познат бренд и модел

Нема потреба да се срамите што немате илјадници евра за само една чанта. Токму затоа, држете се подалеку од евтините реплики, колку и да ви изгледаат веродостојно.

7-pricini-poradi-koi-vasata-canta-izgleda-evtino-04.jpg



4. Порабена е со конец во друга боја

Евтините брендови се трудат да го „освежат“ изгледот и да ја разбијат монотонијата на чантата со конец во поинаква боја, затоа што додавањето на специфичен принт е премногу скапо. Попаметно е да ја одминете секоја црна чанта со кремаст конец и обратно.

7-pricini-poradi-koi-vasata-canta-izgleda-evtino-05.jpg



5. Бојата буквално свети

Не ви треба чанта по која ќе ве гледаат од километри, ви треба чанта која ќе го опише вашето чувство за мода. А модата никогаш не се опишува со чудни, неодредени бои кои светат.

7-pricini-poradi-koi-vasata-canta-izgleda-evtino-06.jpg



6. Премногу е накитена

Никогаш нема да видите скапа чанта која на себе има карнери, монисти и ланчиња во едно. Бирајте строги линии, едноставни бои и материјали, а ако сакате да одберете впечатлив модел поиграјте си со текстурата.

7-pricini-poradi-koi-vasata-canta-izgleda-evtino-07.jpg



7. Има преголемо лого

Скапите брендови никогаш не го истакнуваат своето име со огромни букви, затоа што немаат ни потреба. Помалку видливото лого е рецепт за поскап изглед.

7-pricini-poradi-koi-vasata-canta-izgleda-evtino-08.jpg


Низ следните неколку примери разликата ќе ви стане уште повоочлива:

Би можело да ве интересира:

Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...
Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...
Кобалтно сината е најпопуларната боја за 2026-та – како да ја комбинирате? (фото) Ако не сакате да ризикувате, можете да ја освежите комбинацијата со кобалтно син...
Девојките летово се опседнати со еден хит тренд – сè во гуава розова боја (фото) Лето 2025 носи нова тренд боја што девојките ја обожаваат - гуава розова е хит з...
Чанта од 20.000€, скапи дизајнерски парчиња - Колку чини облеката што ја носи Александра Пријовиќ? Гардеробата на Пријовиќ привлекува толкаво внимание, што на Инстаграм постои и п...
6 бои на чевли што ќе ги носиме оваа есен (фото) Иако светлите нијанси како беж се попопуларни во потоплите месеци, можат да бида...

Најчитани неделава