Трик: Како да ги раширите претесните фармерки?

Признајте, на сите ни се случило да додадеме некој килограм плус кој е пресуден за да не можеме да си ги закопчаме омилените фармерки.

trik-kako-da-gi-rasirite-pretesnite-farmerki-01.jpg

Наместо да го одложувате нивното носење за „кога ќе ослабете“ послужете се со еден трик кој ќе ги рашири за 1 број.

1 чекор: Фармерките мора да бидат влажни за експериментот да успее. Земете шише со распрскувач, наполнете го со вода и напрскајте ги деловите каде фармерките ве стегаат. Доколку можете да се вовлечете во нив без закопчувања, направете го тоа, па потоа пропрскајте ги.

2 чекор: Во следниот половина час ќе мора да шетате и да се растегнувате колку повеќе можете. Носете ги фармерките влажни барем половина час и правете големи чекори и седете во позиции кои ќе го растегнат џинсот.

3 чекор: По половина час соблечете ги и оставете ги да се исушат на воздух, па целата постапка повторете ја уште еднаш.

Сега би требало да дишете многу полесно во нив.

Испробајте и споделете дали успеавте.

Би можело да ве интересира:

Модни парчиња од 1990-тите кои ќе се вратат во полн сјај во 2025-та Фармерки со низок струк, палта од твид, рачно изработен накит - некои трендови с...
Чести модни грешки со кои самите несвесно си додавате години Многу жени избираат искинати фармерки со надеж дека ќе им дадат младешки изглед....
Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...
Предлог комбинации со бели фармерки, идеални за студените месеци (фото) Со морнарско сина боја или со дебел џемпер – белите фармерки се идеални за во зи...
Гвинет Палтроу без гаќи, Ен Хетавеј гламурозна - Најлошо и најдобро облечените ѕвезди на Оскари 2026 Гламур, стил, но и модни промашувања на црвениот тепих на најважната филмска ноќ...
Седум парчиња што изгледаат одлично со тесни фармерки Широко сако, бејзбол капче, но и високи чизми – омилениот модел на милениумците ...

Најчитани неделава