Правила и идеи за беспрекорно слоевито облекување (фото)

Ниските температури и студени денови веќе одамна ни пристигнаа, па сите започнавме да се облекуваме слоевито. Ако веќе го негувате овој тренд кој ќе трае сè до идното лето, вреди да ги знаете основните правила.

pravila-i-idei-za-besprekorno-sloevito-oblekuvanje-foto-01.jpg

Слоевитото облекување освен што топли, воедно е и практично со оглед на температурата која варира од час во час, од просторија до просторија.

Ако оваа есен и зима се одлучите за неколку слоевити експерименти, еве до кои правила вреди да се задржите.

1. Внимавајте на боите. Одбирајте неутрални бои и нијанси кои меѓусебно се надополнуваат.

2. Не се плашете да измешате неколку материјали и текстури. Тоа ја надополнува едноставноста на кошулите, џемперите и палтата кои ги одбирате.

3. Одлучете се за повеќенаменски парчиња. На пример, одбирајте дуксери и џемпери кои може да се комбинираат во повеќе ситуации, за повеќе пригоди.

4. Инвестирајте во квалитетно сако и палто. Со мала креативност сè може лесно да се совпадне, но ништо нема да изгледа попрефинето од квалитетно сако или палто. Не штедете пари кога се работи за овие 2 парчиња гардероба.

Потребна ви е инспирација како да го споите неспоивото?

Би можело да ве интересира:

Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Модни парчиња што секоја жена над 30 треба да ги има (бидејќи се комбинираат со сè) Квалитетни рамни чевли, сако во неутрална боја, како и фармерки со рамен крој. ...
Папучи со широки ремчиња наместо апостолки, блузи со голо рамо - Како да бидете шик ова лето? Оваа сезона, постојат работи кои навистина ќе мора да останат во вашиот плакар и...
Кобалтно сината е најпопуларната боја за 2026-та – како да ја комбинирате? (фото) Ако не сакате да ризикувате, можете да ја освежите комбинацијата со кобалтно син...
Осум минималистички парчиња облека и додатоци што треба да ги имате за оваа сезона Фармерки со рамен крој, златни обетки, но и широк костим – кои минималистички па...

Најчитани неделава