Градници од 2 милиони долари и златни крила: Први фотки од спектакуларното шоу на Викторијас Сикрет

Синоќа во Лондон се одржа новата спектакуларна ревија на Викторијас Сикрет за 2014-та година.

gradnici-od-2-milioni-dolari-i-zlatni-krila-prvi-fotki-od-spektakularnoto-sou-na-victorias-secret-01.jpg

Ниту овој пат на пистата не недостасуваше луксуз, секси убавици и гламурозни креации, а на ревијата се појавија точно 47 убавици.

Шоуто беше поделено на 6 посебни дела именувани како Gilded Angels, Exotic Traveler, Dream Girl, University of Pink, Fairy Tale и финалето Angel Ball.

Овогодинешното шоу го отвори Бехати Принслоу облечена во злато од глава до пети, а по неа прошета Карли Клос носејќи крила од 18-каратно злато. Овие крила се најскапото парче кое брендот Викторијас Сикрет некогаш го промовирал.

Во вториот дел од шоуто настапи Ed Sheeran, а за време на неговиот настап се претставија Адријана Лима и Алесандра Амбросио со „градниците од фантазиите“ кои чинеа по 2 милиони долари посебно.

Настапија и Тејлор Свифр и Аријана Гранде, а во големото финале им се придружија сите 47 модели.

Прикажувањето на ревијата е најавено за 9-ти декември, а до тогаш уживајте во шоуто низ неколку фотографии:

Би можело да ве интересира:

Ревиите на втората вечер на Shtip Fashion Days 2025 На 11 октомври, модата продолжи да дише. Вториот ден започна со емоција ома...
„Вечност“: Новата колекција на дизајнерката Стефанија Насеска, инспирирана од Златните маски од Треб... Дали има нешто поемотивно и повредно  од тоа да ‘копаш’ по сопствената исто...
Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Tokyo James во Милано Нашиот интернационален модел, Ивана Манас, која со години работи на светската мо...
Македонки и Србинки се приклучија на виралниот тренд – жолта ќеса за ѓубре како Balenciaga чанта од ... Откако на филмски фестивал актерка се појави со обична ќеса што сите мислеа дека...
Како се облекоа најубавите дами на забавата по Victoria’s Secret шоуто – голотија и долна облека нас... Проѕирни фустани низ кои ѕирка долната облека, мини шорцеви, високи секси чорапи...
Нашата Моника Коцарева одржа ревија на Модната недела во Париз - Аристократски хотел, модно усогласе... Ревијата на нашата дизајнерка Моника Коцарева се одржа во хотелот Le Marois, чиј...

Најчитани неделава