6 едноставни совети за слоевито облекување во зима

Можеби делува по малку комлицирано и конфузно како да се мешаат и вклопат различните ткаенини и дезени, меѓутоа со вистинските совети и оваа модна загатка станува решена!

6-ednostavni-soveti-za-sloevito-oblekuvanje-vo-zima-01.jpg

Слоевитото облекување е најдобар начин да се загреете, а воедно и да ја истакнете вашата креативност.

Сепак, постојат 6 основни правила кои не смее да ги прекршите.

1. Должина

Кога се облекувате слоевито секогаш треба да го имате следново правило на ум - важно е да комбинирате различни должини! Почнете од основата - долга маица или блуза која може да се комбинира со џемпер над колениците или пак кошула која одлично се совпаѓа со нешто подолгиот крзнениот елек.


2. Не претерувајте со слоевите

Не носете повеќе од 3 слоја, затоа што големи се шансите на крајот да изгледате како топка наместо да бидете модерни. Еден наједноставен предлог – тенка маица, џемпер и палто.


3. Правете контрасти

Не треба да се плашите да носите различни бои, шари и материјали кои на вашиот изглед ќе му дадат личен печат. Помешајте ја белата свилена кошула со плетен џемер и црвен волнен капут и подготвени сте да го освоите градот!

6-ednostavni-soveti-za-sloevito-oblekuvanje-vo-zima-02.jpg

4. Комбинирајте повеќе стилови

Основно правило за успешно слоевито облекување е да не мешате две или повеќе парчиња гардероба со ист принт или во ист стил. На пример, кожната јакна со реси никогаш нема да изгледа модерно со елекот со реси.


5. Треба да се чувствувате удобно во облеката

Комбинирајте ги само омилените еднобојни џемпери, маички и кошули во кои се чувствувате најудобно. Само така нема да изгледате како да сте го ставиле целиот гардеробер на вас.


6. Слоевито облекување на нозете

Не треба да заборавите дека освен горниот дел, исто така и нозете може да ги облечете во слоеви. Комбинирајте дезенирани хулахопки со чорапи и здолниште или топли греачи кои ќе се ѕиркаат малку над фармерките. Како шлаг на тортата, додадете високи чизми.

Би можело да ве интересира:

5 совети за да изберете модерен, а не застарен мантил за есен 2025, според стилистите Избегнувајте тесни мантили припиени до телото, но и модели над колено. Кои типов...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
Како да носите реси ова лето (а да не изгледате како во 2016-та)? Едноделните костими за капење со реси на горниот дел се огромен хит, исто како и...
Чести модни грешки со кои самите несвесно си додавате години Многу жени избираат искинати фармерки со надеж дека ќе им дадат младешки изглед....
Предлог комбинации за девојките вљубени во модата од 1990-тите (фото) Тексас шорцови, маичка и патики или, пак, тексас фустан со бели патики – која ви...
Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...

Најчитани неделава