7 трикови со кои вашата модна комбинација ќе изгледа многу поскапо

Температурите кои се спуштаат под нулата не тераат да се замотаме во големи шалови, да облекуваме слоеви гардероба и на прво место да ја ставиме топлината, па потоа стилот. Но, не секогаш мора да биде така.

7-trikovi-so-koi-vasata-modna-kombinacija-ke-izgleda-mnogu-poskapo-01.jpg

Зимската мода не мора да подразбира тони волнени плетки на вас.

Со правилните трикови може да постигнете топол изглед кој ќе делува најмалку два пати поскапо отколку што реално чини.

1. Појас околу палтото - Не само што ја нагласува линијата, туку на палтото му дава нов изглед. Наш совет е појасот да биде во боја на капутот, масивен и широк, а пожелно е да има неколку светкави моменти.

7-trikovi-so-koi-vasata-modna-kombinacija-ke-izgleda-mnogu-poskapo-02.jpg


2. Кожа со кожа
- Кожните панталони во комбинација со кожните чизми на секој изглед ќе му дадат посебно луксузна нота. Додајте парче вештачко крзно и нема утка!

7-trikovi-so-koi-vasata-modna-kombinacija-ke-izgleda-mnogu-poskapo-03.jpg


3. Дебели ткаенини
- Факт е дека ретката и ситна ткаенина може да изгледа евтино и да делува неквалитетно. Затоа кога купувате џемпери бирајте покрупни плетки кои изгледаат скапоцено.

7-trikovi-so-koi-vasata-modna-kombinacija-ke-izgleda-mnogu-poskapo-04.jpg


4. Комбинирајте ткаенини
- Кој вели дека може да носите само едно плетено парче? Слободно опуштете се и комбинирајте дебел џемпер со јакна од крзно или поинаква плетка.

7-trikovi-so-koi-vasata-modna-kombinacija-ke-izgleda-mnogu-poskapo-05.jpg


5. Заменете ја капата со шешир
- Капите изгледаат урбано, но зимскиот шешир ќе ви даде софистициран и елегантен изглед кој делува многу поскапо. Искомбинирајте го со омилениот капут и сигурно ќе бидете забележани.

7-trikovi-so-koi-vasata-modna-kombinacija-ke-izgleda-mnogu-poskapo-06.jpg


6. Впечатливо ланче над ролката
- Ролките знаат да досадат, па затоа најдобро е да додадете едно парче скапоцен накит кој ќе го подобри целиот изглед.

7-trikovi-so-koi-vasata-modna-kombinacija-ke-izgleda-mnogu-poskapo-07.jpg


7. Пончо
- Слоевитото облекување е заштитен зимски знак, па затоа над целата комбинација прегрнете едно топло пончо. Сигурно ќе изгледате фантастично!

7-trikovi-so-koi-vasata-modna-kombinacija-ke-izgleda-mnogu-poskapo-08.jpg

Би можело да ве интересира:

8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
Следењето модни трендови е вистински предизвик (низ 14 реални илустрации) Модата се движи во циклуси, па работите кои беа модерни во времето на нашите дед...
14 бон-тон правила за деловни комбинации - Ги почитувате ли? Мажите треба да знаат дека чевлите и коланот треба секогаш да се во иста боја, а...
Ромео Бекам и Миа Реган се моќна стилска двојка (по стапките на Дејвид и Викторија) Наследниците на Дејвид Бекам се трудат да ги следат чекорите на нивните родители...
Бои на облека со кои никогаш нема да погрешите, дури и кога не се во мода Без разлика на буџетот кој ќе го одвоите за купување гардероба, боите кои ги изб...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg