5 пара чевли кои секоја жена треба да ги има

Иако жените се фанатици за чевли и никогаш не им се доволни, стилистите пресметале дека на секоја жена ѝ се доволни 5 пара чевли кои ќе им одговараат во секоја комбинација и ситуација.

pet-para-cevli-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-ima-001.jpg

Ако одберете и универзална боја и поквалитетен модел, веројатно ќе имате многу поголема заштеда, освен ако не се прелажете на некој излог.

1. Балетанки

Може да ги носите со што било и секогаш да ви дадат посебен шарм. Одговараат и за полежерни и за посвечени комбинации. Ако ги дополнувате и со по некој украсен детаљ, може да добиете полн погодок.

Во однос на бојата, најпогодна е црната, но може да одберете и некоја друга нијанса која преовлада во вашиот гардеробер. Вложете и во малку поскапи балетанки со цврста подлога за да не треба да ги фрлите по три носења.

pet-para-cevli-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-ima-1.jpg


2. Салонки

Софистицирани, елегантни и секси. Одлично изгледаат ако ги носите и на тесни фармерки, но и со елегантно одело. Добро е да одберете некои поквалитетни и поедноставни, универзални, бидејќи се вонвременски и секогаш може да ги комбинирате во различна пригода.

pet-para-cevli-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-ima-2.jpg


3. Кратки црни чизми

Може секако да ги носите. И со фармерки, хеланки, здолништа. Особено ако ги комбинирате и со кожна јакна во рок фазон, може да добиете помладешки изглед. Доколку ги комбинирате со волнен капут и шал ќе добиете изглед на софистицирана дама.

pet-para-cevli-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-ima-3.jpg


4. Рамни сандали со ремчиња

Летно време не можете без овие сандали, без разлика дали ги носите на плажа или во канцеларија со некоја полежерна дневна комбинација со здолниште и свилена или ленена кошула.

Ако ги комбинирате за на опуштена кафе шема, одлични се во комбинација со кратките шорцеви, памучна маица и свилена марама.

pet-para-cevli-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-ima-4.jpg


5. Класични бели патики

Фармерки, маица и патики е универзална комбинација која секоја девојка и жена треба да ја има за моментите на прошетка, шопинг или опуштена варијанта на дневно излегување. Особено е неопходна коа сакате да се одморите од секојдневното трчање на потпетици и отечени стапала.

pet-para-cevli-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-ima-5.jpg

Би можело да ве интересира:

Чевли кои можеби нема да ви се допаднат, а се најмодерни оваа сезона (фото) Според стилистите, овие модели се исклучително модерни, но им се допаѓаат само н...
Чести модни грешки со кои самите несвесно си додавате години Многу жени избираат искинати фармерки со надеж дека ќе им дадат младешки изглед....
Модни парчиња од 1990-тите кои ќе се вратат во полн сјај во 2025-та Фармерки со низок струк, палта од твид, рачно изработен накит - некои трендови с...
9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Предлог комбинации со бели фармерки, идеални за студените месеци (фото) Со морнарско сина боја или со дебел џемпер – белите фармерки се идеални за во зи...

Најчитани неделава