Пролет во духот на ‘70-те: 10 работи кои мора да ги набавите ако сакате да сте во тренд

Подгответе се за пролет која ќе дише во духот на ‘70-те! Дали светските дизајнери се само носталгични или за тоа е заслужен прекрасниот склоп од рокенрол парчињата, слободните модни сфаќања и прекршувањето на границите, никој не знае.

prolet-vo-duhot-na-70te-10-raboti-koi-mora-da-gi-nabavite-ako-sakate-da-ste-vo-trend-001.jpg

Сепак, нè очекува спектакуларна сезона во која мора да си ги набавите или освежите овие 10 работи:

1. Најлесен и најбрз начин да се трансформирате во дама од ‘70-те е долгата коса, благо неуредна, слоевито ишишана. Оваа фризура веднаш внесува поинакви вибрации во стилот.

2. Големи очила за сонце - округли или квадратни.

prolet-vo-duhot-na-70te-10-raboti-koi-mora-da-gi-nabavite-ako-sakate-da-ste-vo-trend-1.jpg

3. Шешир во многу бои и нијанси.

4. Ѕонест џинс и панталони. Високиот струк ќе ви даде прекрасна дефиниција на телото, а воедно и ќе ги изложи нозете. Ѕвонестите модели одлично одат со боемски кошули, маички и други ретро додатоци.

5. Лесни фустанчиња. Мислиме на оние кои ги носеле вашите мајки - долги до коленици, од лесна ткаенина, со принтови, ракави и длабок V израз. Можете да ги носите со било какви чевли, секако ќе го постигнете сексапилот од ‘70-те.

prolet-vo-duhot-na-70te-10-raboti-koi-mora-da-gi-nabavite-ako-sakate-da-ste-vo-trend-2.jpg

6. Мини здолништа кои се граничеле со далечните ’60-ти. Одлично изгледаат со широки кошули и маички.

7. Реси и антилоп. Сигурно многу пати до сега слушнавте дека овие 2 трендови ќе ја одбележат 2015-та, така што нема потреба од објаснување.

prolet-vo-duhot-na-70te-10-raboti-koi-mora-da-gi-nabavite-ako-sakate-da-ste-vo-trend-3.jpg

8. Штикли со дебела потпетица и во кафеави нијанси и гладијаторки.

9. Комбинезони - со долги ногавици и ракави, со длабок V израз и ситни дезени, принтови, шари...

10. Графика. Психоделичните принтови изгледаат неодоливо и шик во било која комбинација. Затоа, не се одвојувајте од нив оваа пролет.

Би можело да ве интересира:

6 бои на чевли што ќе ги носиме оваа есен (фото) Иако светлите нијанси како беж се попопуларни во потоплите месеци, можат да бида...
Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...
Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото) Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...
Шест бои што ќе бидат хит за зимските комбинации (и една што излегува од мода) Сите нијанси на кафена, но и зелена како лимета – шест бои што ќе ги гледаме нас...
Предлог комбинации за девојките вљубени во модата од 1990-тите (фото) Тексас шорцови, маичка и патики или, пак, тексас фустан со бели патики – која ви...
Моден тренд кој му одолева на времето: Како да носите „точки“ во пролет 2026? На здолништа, панталони, кошули, марами, дури и на тренерки - популарните точки ...

Најчитани неделава