И машката кожа бара нега

i-maskata-koza-bara-nega-povekjeНегата на машкото лице е неопходна исто како и негата на женското лице бидејќи машката кожа не е поотпорна на надворешни влијанија или пак страеење.

 

i-maskata-koza-bara-nega

„Мажите треба да почнат да се грижат за кожата на лицето уште кога ќе влезат во пубертет бидејќи кожата памти. Еден ден кога мажот ќе има 45 години веќе ќе биде доцна за него.

Постои некој минимум на нега на лице до кој секој маж треба да се придржува“ вели Gabriella Mattera, дерматолог во еден лондонски спа центар.

Експертите истакнуваат дека секој маж треба да има најмалку два производи за нега на лицето, а тоа се гелот за миење и хидрантната крема за лице.

„Поголемиот број на мажи користат само сапун за миење на лицето, што ја суши кожата и му дава уморен изглед на лицето, а после тоа не нанесуваат ништо на кожата на лицето. Уште ако пената за бричење и лосионот за после бричење содржат некои агресивни состојки, конечниот резултат не може да биде добар“, додаваат козметичарите.

Исто така, мажите треба еднаш до два пати неделно да направат пилинг на лицето за да ги отстранат изумрените клетки од кожата и со тоа да добијат свеж изглед.

При тоа, експертите истакнуваат дека машката кожа исто како и женската е четири пати потенка и почувствителна во областа под очите, па на на овој дел треба да му се посвети посебно внимание.

Доколу имате проблем со масна кожа, треба да користите коректор, како и крема за смирување на кожата.

Би можело да ве интересира:

Ирена Спировска во елегантна тоалета, Благица Павловска во светкав фустан - Што носеа учесниците на ... Водителката Ирена Спировска носеше долга тоалета во боја на лаванда, додека Мари...
Работи што не треба да ги фрлате од гардероберот (дури и ако одамна не сте ги носеле) Модата се враќа, па ако некои парчиња облека сега ви делуваат застарено, најверо...
Матурантка од Струмица блесна во креација од Златко Јовановски со 2.500 монисти: „Сакаше корсет како... „Фустанот беше нарачан уште во јануари. Катерина ми кажа дека отсекогаш на ...
Комбинации со чизмите кои се хит за оваа сезона – ги обожаваат и Македонките (фото) Оригиналните Givenchy чизми на преклоп кои ги носи Аделина се околу 4.000 евра, ...
5 стилски правила од Французинките за широките панталони кои се хит во 2025 Правило 1 - не ги носете само во елегантни комбинации, туку и во лежерни, со пат...
Тренди летни аутфити со панталони (ако не сте фан на фустани и здолништа) Панталони со риги и бела кроп топ маичка или широки панталони и блуза на врзувањ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg