Направи сама: Маичка со риги

Летото се ближи и време е да ја обновиме летната гардероба. За таа цел не ви се потребни многу пари ниту пак, долгочасовни шетања по продавниците за облека.

napravi-sama-maicka-so-rigi-01.jpg

Се што ви е потребно е една обична маичка во бела боја и малку одвоено слободно време за маичката да ја претворите во интересно дневно парче облека кое можете да го комбинирате со фармерките, шорцевите и здолништата.

Што ви е потребно:

  • Обична бела памучна маица
  • Спреј во боја по желба
  • Самолеплива трака
  • Поголемо парче картон

napravi-sama-maicka-so-rigi-1.jpg

Маицата навлечете ја на картонот. На овој начин ќе се погрижите бојата да не пробие на другата страна од маицата и ќе ви се олесни работата при лепењето на траката.

napravi-sama-maicka-so-rigi-2.jpg

Со помош на самолепливата трака долниот дел од маицата поделете ја на лини. Помеѓу секоја трака оставете простор од 2,5 cm и целата маица залепете ја на картонот за ништо да не се измести.

napravi-sama-maicka-so-rigi-3.jpg

Со кратки и брзи потези испрскајте се што е залепено со траката. Спрејот држете го на далечина од 30-тина cm од маицата за ригите да добијат еднаква боја.

napravi-sama-maicka-so-rigi-4.jpg

Почекајте околу 30 минути и потоа започнете со одлепување на самолепливата трака.

napravi-sama-maicka-so-rigi-5.jpg

Сега можете да уживате во новиот изглед на вашата бела памучна маичка која ќе биде ваш уникатен дел од гардеробата. Не е важно за која боја ќе се одлучите секоја ќе изгледа одлично. Имајте на ум дека неонските бои повторно се во мода.

napravi-sama-maicka-so-rigi-6.jpg

Би можело да ве интересира:

Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...
Предлог комбинации за девојките вљубени во модата од 1990-тите (фото) Тексас шорцови, маичка и патики или, пак, тексас фустан со бели патики – која ви...
Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...
Кобалтно сината е најпопуларната боја за 2026-та – како да ја комбинирате? (фото) Ако не сакате да ризикувате, можете да ја освежите комбинацијата со кобалтно син...
Папучи со широки ремчиња наместо апостолки, блузи со голо рамо - Како да бидете шик ова лето? Оваа сезона, постојат работи кои навистина ќе мора да останат во вашиот плакар и...

Најчитани неделава