Kапи и елегантни шешири

Главните зимски додатоци без кои не би можеле да ги замислиме ладните денови се секако шеширите и капите. Шеширите се најчест моден...

 

... додаток бидејќи целото внимание се насочува кон лицето.

Токму затоа не смееме да ја заборавиме шминката на лицето, како и соодветни додатоци како што се на пример обетките. Доколку сакате да носите шешири, тогаш ви препорачуваме да ги носите оние шешири во стилот на 40-те години. kapi-i-elegantni-sheshiri1

Таквите модели одговараат за секој облик на лице. Темните бои може да ги носите навечер, а светлите нијанси во иста боја со капутот може да ги практикувате преку ден како дневна варијанта.

За капите, кои почесто се употребуваат од шеширите, најпопуларни се оние со француски крој кој им прилега на поголемиот број на жени. Ако обликот на вашата глава е округол, избегнувајте да носите дебели капи зошто дополнително би можеле да ве прошират.

Доколку пак имате кратка коса, тогаш носете капа под која ќе може да ви се гледаат шишките. И капите и шеширите можете да ги комбинирате со ракавици и шал.

Секако на крајот немојте да заборавите на бон-тонот според кој жените во затворени простории не мораат да ги симнуваат своите капи и ракавици.


Би можело да ве интересира:

Идеи како стилски да носите кожен мантил во разни комбинации Ако немате идеја како да го носите кожениот мантил – ви предлагаме неколку модни...
Вакви ѕвезди! Џенифер Лоренс купува на акција, носи облека од втора рака и евтини фустани на црвенио... Вистински пример за скромност! Таа е една од најдобрите актерки на денешницата, ...
14 модни трендови за мажи, кои ќе бидат популарни до крајот на 2025-та Од сафари јакни, преку кафеави парчиња, до чизми со врвки и сатенски тренерки - ...
6 трикови со кои полесно ќе ги „преживеете“ неудобните чевли Бебешка пудра за чевлите да не ви испуштаат чуден звук од потење, апостолките за...
Предлог зимски комбинации: Модели на капути и јакни кои изгледаат одлично со фармерки Елегантната бунда од лажно крзно можете да ја носите со пошироки фармерки и чизм...
Моден двобој: Македонка со истите крзнени чевли и чанта како на Јелена Карлеуша, што „кренаа прашина... „Ми се допаѓаат премногу, преслатки се и невообичаени, а удобни и квалитетни мат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg