8 пара чевли кои секоја жена треба да ги има
Секоја модерна жена и девојка треба да знае дека квалитетните чевли се една од најдобрите инвестиции во која може да вложи.

Иако понежниот пол е опседнат со квантитет кога се работи за чевли, сепак не ви се потребни 50 пара штикли, балетанки и римјанки.
Што ви е неопходно?
1. Кратки чизми - За со бохо фустанчиња, шорцеви, тесни фармерки или хеланки и туники

2. Шпиц салонки - За поелегантните деловни изданија, формални вечери, но и за со обичните цевка фармерки

3. Класични голи сандали - За буквално секоја пригода

4. Салонки во боја - За оние моменти кога здолништата и костимите ви изгледаат премногу монотоно и здодевно

5. Балетанки - Задолжителни во моментите кога ви треба удобност и елеганција воедно

6. Шпиц балетанки - Женствени и секси, во нив секогаш ќе привлечете внимание

7. Римјанки со многу ремчиња - Во комбинација со летните фустанчиња добивате супер бохо шмек

8. Бели патики - Едноставно, неопходни за секој ден
