Евтини трикови: Како стариот капут да изгледа како нов?

Уште само неколку студени денови и веројатно сите ќе ги извадиме палтата од гардероберот, ако веќе и не сте го направиле тоа.

evtini-trikovi-kako-stariot-kaput-da-izgleda-kako-nov-001.jpg

Но, што е со стариот капут кој изгледа некако излитено, а сакате да го износите уште оваа сезона?

Пробајте да се послужите со некое од овие 5 решенија:

1. Додадете декоративен материјал

Во продавниците за материјали ќе пронајдете голем број на материјали и ленти со кои можете да го освежите капутот. Ако е еднобоен, зашијте неколку ленти или парчиња на деловите каде е излитен и постигнете ефект на пачворк.


2. Ставете ремен

Дури и ако капутот оригинално не го купивте со ремен, ставете некој впечатлив модел. На тој начин ќе додадете елеганција и ќе ја истакнете фигурата. За дебелите капути бирајте дебели ремени и обратно.


3. Ставете брош

Брошовите оваа есен се враќаат на модната сцена. Доволно е да додадете еден или два на реверот за да го освежите и да го одвлечете вниманието.


4. Заменете ги копчињата

Повеќето од нас не им даваат некое големо значење на копчињата, без да знаеме дека тие може целосно да го променат изгледот на моделот. Затоа доволна е оваа минимална промена за да се добие впечаток како да сте купиле нов капут.


5. Ставете необичен околувратник

Тоа може да биде имитација на крзно или некоја дебела марама која ќе ја зацврстите со помош на неколку копчиња.

Би можело да ве интересира:

5 трикови на Италијанките со кои изгледаат стилски, без многу труд Трик број 1: Белата кошула со свртени ракави е база, а одозгора се комбинира во ...
Како да носите реси ова лето (а да не изгледате како во 2016-та)? Едноделните костими за капење со реси на горниот дел се огромен хит, исто како и...
Ракавици „без прсти“ и уште 8 работи кои беа гламурозни во 2000-тите (а денес изгледаат смешно) Гледајќи како се облекувале ѕвездите, но и обичните луѓе пред околу четврт век, ...
Седум парчиња што изгледаат одлично со тесни фармерки Широко сако, бејзбол капче, но и високи чизми – омилениот модел на милениумците ...
9 модели на костими за капење кои ќе бидат хит во лето 2026 Бикини или монокини со контрастна трака веќе гледаме насекаде, но и модели во пу...
Кафеавите фармерки се новиот зимски тренд – како да ги комбинирате? (фото) Можете да ги комбинирате со парчиња со слични нијанси, но и неутрални тонови, а ...

Најчитани неделава