Боја на 2010 година - тиркиз

Компанијата "Pantone", која произведува бои и е главен снабдувач на модната и декоративната индустрија, ја прогласи тикризната боја за...

 

...официјална боја за 2010 година, со што и многубројни актуелни модни креатори се согласија.

"Тиркизната боја има универзална привлечност. Погледнете предмет кој има таква боја и ќе се почувствувате како да сте на одмор", изјави Jane Schoenborn од "Lili Pulicer". Тиркизната боја претставува ексапизам, односно чувство на свежина и на нов почеток оваа година.

boja-na-2010-godina-tirkiz1

Бидејќи се наоѓа на границата помеѓу сината и зелената, истовремено делува смирено (како сината боја) и активно, здраво (како зелената боја). Оваа боја одлично се вклопува во секоја сезона, бидејќи во зимскиот период ги освежува темните комбинации, а на пролет и лето ги надополнува белите и светлите дневни комбинации.

Tommy Hilfiger се сложува со фактот дека тиркизната боја дефинитивно е боја на сезоната која следи, и веќе ја вметна во својата наредна колекција.

boja-na-2010-godina-tirkiz2

"Жените во мојот живот носат тиркизен накит на одмор, на море и изгледаат фантастично", изјави Hilfiger, кој исто така надополнува дека оваа боја повеќе важи за понежниот пол, а на мажите им советува темни нијанси.

Тиркизната боја е добар избор и кога станува збор за украсните детали во вашиот дом, бидејќи лесно се комбинира. Инаку, компанијата "Pantone" за 2009-та ја избра жолтата боја на мимоза.

Би можело да ве интересира:

10 модни трендови кои повторно се вратија во мода (и ќе ги гледате насекаде) Крокс сандалите повторно се во мода и се носат на секакви комбинации, бубрежињат...
10 кул летни трендови за нокти (овошје на рака, „сирена“ нокти) Од нежно розови до впечатливи нокти со апстрактна уметност на нив, каков избор ќ...
Идеи како да комбинирате розов џемпер во пролет (и да изгледате стилски, не кич) Розовата облека не мора да изгледа кич и несериозно, ако знаете како да ја комби...
Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Tokyo James во Милано Нашиот интернационален модел, Ивана Манас, која со години работи на светската мо...
По „mob wife“, инфлуенсерките се облекуваат како „богата мајка“: Предлог комбинации за популарниот т... За разлика од mob wife, новиот тренд познат како rich mom (богата мајка) е миним...
Како да носите реси ова лето (а да не изгледате како во 2016-та)? Едноделните костими за капење со реси на горниот дел се огромен хит, исто како и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg