Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најновата Bitsiani колекција во комбинација со прекрасната природа на Матка

Новата кампања на Bitsiani насловена како MODERN NATURE за сезона есен-зима 2015 претставува спој на модата и текстурата на природата. Сликана на Кањон Матка од дуото фотографи – Ани&Дими, кои заедно со моделот Андреј Клинчаров и Маја Саздановска која беше задолжена за шминка и фризура, ја пренесоа колекцијата на друго ниво, притоа совршено отсликувајќи ги модните парчиња и убавините на кањонот.

najnovata-bitsiani-kolekcija-vo-kombinacija-so-prekrasnata-priroda-na-matka-001.jpg

Темата на кампањата е резултат на игра со зборови каде што  Mother Nature е претопено во Modern Nature, со што директно се претставува она што колекцијата сака да го пренесе – отскокнување во комбинирањето на модните парчиња и живописноста на природата.
Локацијата Кањон Матка, придонесува за истакнување на облеката и чевлите, давајќи дополнителна структура на целосната слика.

Колекцијата есен-зима ‘15 на Bitsiani се одликува со кошули со подолг крој, во различни бои и шари. Класични одела во повеќе нијанси, кои можат да се комбинираат со несекојдневните дезени на модните додатоци – марамчиња и вратоврска-пеперушка со интересни шари, тенки плетени вратоврски со зимски мотиви итн. Дворедни џемпери, јакни и капути во темни бои, а изборот на чевли варира од класични свечени обувки, до познатите Оксфордки или пак Челзи чизми до глуж од превртена кожа. 

Bitsiani е првиот бренд кој Fashion Group го вклучува во своето портфолио во 1995 година. Инаку е основан во 1986 година од страна на дизајнерот Aristotelis Bitsiani, кој гради лидерска позиција на грчкиот пазар и истовремено станува синоним за бренд кој произведува квалитетна облека за модерни европски мажи.

Продавниците на Bitsiani може да ги најдете во Т.Ц. Соравиa и во Скопје Сити Мол.

Би можело да ве интересира:

Впечатливи фустани во силни бои ако сте гостинка на летна свадба (фото) Црната е безвременска класика, но ова лето засенете ги сите со фустан во впечатл...
Моден двобој на светските ѕвезди: На која ѝ стои подобро? Кога Тејлор Свифт и Хајди Клум ќе облечат исти едноделни патналони, двете изглед...
Тејлор Свифт со приврзок на бутот, Бијонсе со смело деколте – Што облекоа познатите на Греми награди... И бившата на Канје, Џулија Фокс, се појави по долна облека, Карди Би во фустан с...
Светска, а наша! Катарина Ивановска блесна во модна колекција на познат српски бренд Од коктел фустани со точки до совршени женски одела... Катарина е вистинска модн...
Широки фармерки, палта, необични очила: Каков е стилот на Тамара Тодевска кога не е на сцена? Модниот стил на Тамара Тодевска на сцената и во приватниот живот не се разликува...
Мартија издоминира во црно, некогашниот модел Маја Глигоровска провокативна: Модата на 17-тиот роден... Од елегантни фустани и панк комбинации за дамите, до класични и впечатливи косту...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg