Како изгледа животот кога цела недела носите свечен фустан за на црвен тепих?

Како за забава така и за мал социјален експеримент, Кени Тапонг, уредникот на Marie Claire им предложил на своите новинари цела една недела да носат свечен фустан за на црвен тепих.

cela-nedela-nosela-svecen-fustan-01.jpg

„Зошто некој од вас да не проба да носи свечен фустан цела една недела? Ќе биде забавно! Тоа беа неговите зборови и бидејќи веќе еднаш се облекував како Марк Закерберг, си реков, зошто да не го пробам и ова?“ – така ја започнува приказната Челси Пенг.

Целиот тим се одлучил за фустан од Christian Siriano, бидејќи повеќето од славните личности веќе ги носеле неговите креации (како Ријана, Соланж и Коко Роша), а и затоа што неговите фустани се поим за гламур и софистицираност.

Пенг се одлучила за свечен зелен фустан со А крој кој инстантно ја трансформирал во „Некоја важна личност која оди на некоја гламурозна забава или на својата веридба“ – како што самата таа го дефинирала своето искуство од овој експеримент.

Што забележала?

1. Во метроата ѝ нуделе седиште иако не е ниту постара, ниту бремена

2. Повеќето луѓе ја гледале со чудење – речиси зјапале

3. Некои ја сликале

4. Ја споредувале со сирена

5. Често ѝ викале „честитки“

„Никогаш претходно не бев сигурна, иако претпоставував, но облеката навистина има голема моќ“ – заклучува Пенг.

Би можело да ве интересира:

Зимски комбинации со тексас фустан – парче што се носи во секоја сезона (фото) Се комбинираат со животински принтови и аксесоари од кожа, а изгледаат мошне доб...
Весна (61), стоматолог од Куманово, модно издоминира меѓу посетителите на Моден викенд Скопје 2026 Од плишани ракавици и масивен прстен до шапки и нокти со специјални украси, Весн...
9 модни трендови кои ќе доминираат кај младите до крајот на 2025 Капри панталони, модерни спортски комбинации, тексас на тексас, животински принт...
8 предлог комбинации со џемпер без ракави – идеални за есен Џемперите без ракави изгледаат совршено со кошула, а потоа можете да ги комбинир...
7 водечки модни трендови за лето 2026 Марама која може да се носи на безброј начини, брошовите кои се тренд од минатот...
Кога свекор ти е моден император: Раскошната свадба на синот на Ели Сааб – невестата смени 3 венчани... Кога неприкосновениот император на високата мода е свекор на невестата, не доаѓа...

Најчитани неделава