Шалче околу врат

shalce-okolu-vrat-povekjeШал завиткан околу вратот или префрлен преку главата, оваа зима се носи во комбинација со апсолутно секаква облека. Одлично прилега во...

 

...комбинација со јакна или капут, но овој пат се комбинира и со вечерни фустани.

Еден од најомилените зимски реквизити, модни додатоци кои секоја модно свесна жена, ќе сака да го употреби и оваа сезона секако е шалот.

Но, оваа сезона освен класичните шалови кои на најразлични начини се завиткуваат околу вратот, се носат и таканаречените цевка-шалови.

Ваквиот шал може да се носи на неколку различни начини. Може да се навлече и да се остави слободно да паѓа околу вратот, но може да се носи и префрлен преку главата така што истовремено ќе ги заштити и ушите и вратот.

shalce-okolu-vrat

Овој функционален моден додаток може да се навлече и над челото или да се завитка преку врвот на главата.

Burberry Prorsum и Fendi колекцијата на цевка-шалови пак се толку многу елегантни што може да се носат и во комбинација со вечерни фустани.

Тие не се изработени од тешки материјали како волна, туку од сатен или свила, каде за гламурозниот изглед најмногу ќе допринесе црвената боја.

Секако во пригоди во кои тоа се очекува, задолжително симнете ги од глава и поиграјте си со нивните набори околу вратот.

Би можело да ве интересира:

6 модели на чанти кои ќе доминираат во пролет-лето 2026 Мини торби како вреќички на врзување, чанти со реси во фокус, но и со светки, ци...
Модна инспирација: Како се облекуваат паровите кои од далеку изгледаат скапо? (фото) Ако сакате од далеку да делувате како пар кој е вљубеник во модата, тивкиот лукс...
5 стилски правила од Французинките за широките панталони кои се хит во 2025 Правило 1 - не ги носете само во елегантни комбинации, туку и во лежерни, со пат...
Како се облекоа најубавите дами на забавата по Victoria’s Secret шоуто – голотија и долна облека нас... Проѕирни фустани низ кои ѕирка долната облека, мини шорцеви, високи секси чорапи...
5 трикови со кои ќе изгледате стилски дури и кога е претопло (и се препотувате) Кратки бициклистички под фустанот за да не ви се тријат бутовите, бебешка пудра ...
Шест бои што ќе бидат хит за зимските комбинации (и една што излегува од мода) Сите нијанси на кафена, но и зелена како лимета – шест бои што ќе ги гледаме нас...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg