На која температура се пере, дали смее да се пегла: Што значат симболите на етикетите од облеката?
Сигурни ли сте дека знаете што значат симболите на етикетите? Односно, оние ознаки кои обично ги сечеме заедно со етикетата „затоа што нè гребе“, ни откриваат како треба да ја третираме облеката.
Дали смеете да го исперете џемперот, на колкава температура, па потоа дали смеете да го пеглате, дали капутот може да се чисти на хемиско, се само дел од прашањата на кои конечно ќе добиете одговор:
![]() |
Машина за перење, нормално | Облеката не бара посебен третман. |
![]() |
Машина за перење, со ладна вода |
Температурата не смее да биде повисока од 30 степени. |
![]() |
Машина за перење, со топла вода |
Температурата не смее да биде повисока од 40 степени. |
![]() |
Машина за перење, со жешка вода |
Температурата не смее да биде повисока од 50 степени. |
![]() |
Машина за перење, со жешка вода |
Температурата не смее да биде повисока од 60 степени. |
![]() |
Машина за перење, со жешка вода |
Температурата не смее да биде повисока од 70 степени. |
![]() |
Машина за перење, со жешка вода |
Температурата не смее да биде повисока од 95 степени. |
![]() |
Машина за перење, перм прес |
Облеката може да се пере само на програма која користи ладење или ладно плакнење пред намалувањето на бројот на вртежи. Намалете ја количината на облека во машината. |
![]() |
Машина за перење, лесно и чувствително |
Облеката смее да се пере само на програма која овозможува лесна центрифуга или скратено време за перење. Исто така намалете ја количината на облека во машината. |
![]() |
Перење на рака | Перете на рака на температура од 30-40 степени. Потопете ја облеката во растворен детергент во вода и оставете ја да отстои. Исплакнете и исцедете. |
![]() |
Без перење | Облеката не смее да се пере на ниту еден начин. |
![]() |
Избелување по потреба | Може да се користи било каков избелувач. |
![]() |
Избелувач без хлор | Може да се користи само избелувач на база на кислород, без хлор, кој нема да ја оштети бојата. |
![]() |
Забрането избелување | Не користете никаков избелувач. |
![]() |
Машина за сушење, нормално | Машината за сушење може да се користи на највисока можна температура. |
![]() |
Машина за сушење, ниска температура | Машината за сушење може да се користи регуларно, со ниска температура. |
![]() |
Машина за сушење, средна температура | Машината за сушење може да се користи регуларно, со програми на средна температура |
![]() |
Машина за сушење, висока температура | Машината за сушење може да се користи на висока температура. |
![]() |
Машина за сушење, нормално, без топлина | Машината за сушење може да се користи само на програми без топлина или сушење со помош на воздух. |
![]() |
Машина за сушење, перманент прес | Машината за сушење може да се користи само на програмата перманент прес. |
![]() |
Машина за сушење, чувствително | Машината за сушење може да се користи само на програма за чувствителна облека |
![]() |
Забрането сушење во машина | Облеката не смее да се суши во машина. |
![]() |
Забрането сушење | Облеката не смее воопшто да се суши. |
![]() |
Сушење на жица | Закачете ја облеката да се суши внатре или надвор. |
![]() |
Сушење со капење | Закачете ја облеката да се суши со капење, без претходно цедење. |
![]() |
Хоризонтално сушење | Не смее да ја закачувате облеката, туку мора да е „легната“ на подлога. |
![]() |
Сушете на студено | Сушете што подалеку од сончева светлина или извор на топлина. |
![]() |
Забрането цедење | Облеката никако не смеете да ја цедите по перењето. |
![]() |
Пеглање на било која температура | Слободно можете да пеглате на висока температура, со или без пареа. |
![]() |
Пеглање, ниска температура | Регуларно пеглање, со пареа или без, може да се пропрска со вода, но само на најниска температура (110 степени). |
![]() |
Пеглање, средна температура | Регуларно пеглање, со пареа или без, може да се пропрска со вода, но само на средна температура (150 степени). |
![]() |
Пеглање, висока температура | Регуларно пеглање, со пареа или без, може да се пропрска со вода, но само на висока температура (200 степени). |
![]() |
Не пеглајте со пареа | Пеглањето со пареа може да ја оштети облеката, но безбедно е пеглање без пареа. |
![]() |
Забрането пеглање | Облеката не смее да се пегла ниту на најниска температура. |
![]() |
Дозволено хемиско чистење | Дозволено е хемиско чистење од секаков тип. |
![]() |
Хемиско чистење, било кој вид на раствор | Смее да се користи секаков вид раствор. |
![]() |
Хемиско чистење, нафтени раствори | Смее да се користат само нафтени раствори. |
![]() |
Хемиско чистење на чувствителни ткаенини | Дозволени се одредени раствори. |
![]() |
Не смее хемиски да се чисти | Забрането е чистење на хемиско. |
Д. М. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Шик фустани кои треба да ги имате во плакарот (и со кои ќе блескате до крајот на летото)
Од летото не останува уште долго, но тоа не значи дека не можете да блеснете во ...

Мајка и ќерка (6) од Охрид се облекуваат во тон и имаат кул моден стил
„Уште кога останав бремена знаев дека ќе имам ‘matching’ комбинации со моето дет...

Моден водич за жени: 9 правила за стилско комбинирање на патики
Не мора да ги криете чорапите ако знаете да ги искомбинирате, со кратки фустанчи...

Сопругата на Тарик Филиповиќ е стилска дама каде и да се појави – од пустина до црвен тепих
Пред речиси 30 години ѝ ја одземаа титулата Мис Хрватска, но и без неа, таа прав...

Адријана Лима се врати по 6 години, сестрите Хадид издоминираа на пистата: Спектакуларно шоу на Vict...
Некогашниот најпопуларен ангел Адријана Лима (43) имаше спектакуларно „враќање д...

16 ѕвезди на кои дизајнерските фустани им стојат подобро отколку на манекенките
Кога Шерон Стоун ќе облече дизајнерски фустан, тој на неа (најчесто) изгледа мно...