11 трикови кои ќе ви ја направат зимската облека како нова

Ниските температури значат повеќе облека на нас, а со тоа и поголема шанса да се појави некој проблем со фармерките, џемперот, чизмите, палтото...

11-trikovi-koi-ke-vi-ja-napravat-zimskata-obleka-kako-nova-001.jpg

Наместо да се жалите како сè ви изгледа износено по само една сезона, пробајте некој од овие 11 трикови:

1. Испрскајте ги хулахопките со лак за коса неколку часа пред да ги облечете. Лакот за коса ќе го зацврсти материјалот и ќе ги намали шансите за нивно лесно кинење.

11-trikovi-koi-ke-vi-ja-napravat-zimskata-obleka-kako-nova-1.jpg


2.
За да им го продолжите рокот на траење, исто така можете да ги исплакнете со ладна вода и да ги замрзнете во пластична кеса преку ноќ. Следниот ден извадете ги, оставете ги на собна температура и облечете ги.

11-trikovi-koi-ke-vi-ja-napravat-zimskata-obleka-kako-nova-2.jpg


3.
Отстранете ги топчињата од џемперите со камен турпија. Сепак, бидете внимателни и нежни ако се работи за деликатна плетка.

11-trikovi-koi-ke-vi-ja-napravat-zimskata-obleka-kako-nova-3.jpg


4.
Користете сунѓерче за шминка за да ги отстраните влакната од црната блуза.

11-trikovi-koi-ke-vi-ja-napravat-zimskata-obleka-kako-nova-4.jpg


5.
Џемперот кој ви предизвикува чешање направете го помек со малку оцет и регенератор за коса. Потопете го во мешавина од ладна вода и неколку лажици оцет околу 15 минути. Потоа нежно втријте малку регенератор за коса и оставете го да отстои половина час. Исплакнете и оставете да се исуши.

11-trikovi-koi-ke-vi-ja-napravat-zimskata-obleka-kako-nova-5.jpg


6.
Како да ги закачите џемперите без да ви се познаваат линии од диплењето:

11-trikovi-koi-ke-vi-ja-napravat-zimskata-obleka-kako-nova-6.jpg


7.
Не ги диплете кожните хеланки. Наместо тоа, закачете ги на закачалка за да го избегнете лупењето на местата каде биле превиткани.

11-trikovi-koi-ke-vi-ja-napravat-zimskata-obleka-kako-nova-7.jpg


8.
Измазнете го антилопот со стара четка за заби. Така сите палта, чанти и чизми ќе изгледаат како нови.

11-trikovi-koi-ke-vi-ja-napravat-zimskata-obleka-kako-nova-8.jpg


9.
За да ги отстраните нечистотиите од чизмите од превртена кожа, искршете парче стар леб и истријте ги со него. Можно е да останат трошки кои со рака ќе треба да ги исчистите, но барем нечистотиите ќе исчезнат.

11-trikovi-koi-ke-vi-ja-napravat-zimskata-obleka-kako-nova-9.jpg


10.
Не ги ставајте кожните чизми да се сушат со грејно тело, затоа што кожата може да распука од температурните разлики. Наместо тоа, ставете ги на место каде што има постојан провев.

11-trikovi-koi-ke-vi-ja-napravat-zimskata-obleka-kako-nova-10.jpg


11.
Ако чизмите имаат бели траги од солта по улиците кога има снег, на крајот од денот пребришете ги со малку оцет промешан во вода.

11-trikovi-koi-ke-vi-ja-napravat-zimskata-obleka-kako-nova-11.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кафеавите фармерки се новиот зимски тренд – како да ги комбинирате? (фото) Можете да ги комбинирате со парчиња со слични нијанси, но и неутрални тонови, а ...
Модна инспирација: Како се облекуваат паровите кои од далеку изгледаат скапо? (фото) Ако сакате од далеку да делувате како пар кој е вљубеник во модата, тивкиот лукс...
Предлог комбинации со плетени панталони – новото омилено парче за есен и зима (фото) Меки и удобни, плетените панталони се идеални за лежерните комбинации кога темпе...
Кога свекор ти е моден император: Раскошната свадба на синот на Ели Сааб – невестата смени 3 венчани... Кога неприкосновениот император на високата мода е свекор на невестата, не доаѓа...
Комбинации со чизмите кои се хит за оваа сезона – ги обожаваат и Македонките (фото) Оригиналните Givenchy чизми на преклоп кои ги носи Аделина се околу 4.000 евра, ...
Ленените панталони ќе доминираат ова лето – како да ги комбинирате? (фото) Доста популарни се ленените комплети, а сите модели на ленени панталони изгледаа...

Најчитани неделава