Водич за мажи: Како да негувате бизнис - кежуал стил?

Личниот стил е нешто кое не треба да го запоставите дури ни кога станува збор за облеката која секојдневно ја носите на работа...

vodic-za-mazi-kako-da-neguvate-biznis-kezual-stil-001.jpg

Начинот на облекување е нешто кое го дефинира секој од нас како посебна единка и е нешто од кое не треба да отстапуваме, истовремено задржувајќи ги правилата за пристојно облекување на работа.

Сите ние знаеме дека кога станува збор за мажите најприфатливиот деловен стил на облекување е оделото. Но, сте помислиле ли некогаш на комбинацијата од деловен и кежуал стил?

Ова е стил кој во никој случај не смеете да го потцените токму заради неговата можност да се изразите себеси и да го покажете сопствениот стил, не отстапувајќи од правилата за деловен изглед.

Не постои строга дефиниција за бизнис-кежуал стил. Она што најдобро го опишува е стил на облекување кој не отстапува многу од деловниот стил, но сепак ви дозволува да додадете личен печат со парчиња кои се опуштени, сепак без да ја преминете границата со парчиња кои би ги носеле за секојдневна прошетка.

Кошули

Сите знаеме како стојат класичните кошули со неутрална боја со кои ќе изгледате исто како и сите останати во канцеларијата. Она што ќе ви помогне да се истакнете, се кошули со поживи дезени и материјали со поизразена текстура и боја.

Сепак имајте на ум дека сте во канцеларија и не дозволувајте лудиот принт да биде првото нешто што ќе го привлече вниманието на директорот.

Vodic-za-biznis-kezual-stil-na-oblekuvanje-za-mazi-02


Панталони

Чино панталоните се одличен избор бидејќи ви даваат кежуал изглед, но сепак ја задржуваат сериозноста која е потребна за во канцеларија. Кога станува збор за бои, изберете неутрални бои како црна, сива, крем и нема да погрешите. Водете сметка панталоните да не бидат премногу широки или предолги.

Исто така, темните фармерки се добра опција. Само внимавајте да немаат излитени и искинати делови.

Vodic-za-biznis-kezual-stil-na-oblekuvanje-za-mazi-03


Чевли

Добрата работа при приспособувањето на личниот стил кон деловниот стил е што можете да искористите голем број парчиња кои веќе ги имате во вашиот гардеробер. Чевлите со врвки и мокасините се нешто кое можете да го додадете во изборот, но водете сметка за боите и материјалот од кој се изработени.

Велурот и мат кожата се навистина приспособливи и ќе додадат нота на опуштеност во вашиот изглед. Црната боја е класиката која одговара на бела кошула, но доколку се одлучите за кошула во пастелни нијанси - светло или темно кафеавите чевли ќе бидат вистинскиот избор.


Спортски сакоа

Спортски сакоа за бизнис-кежуал стил не треба да бидат премногу формални, но сепак треба да ви даваат сериозен изглед. Изберете спортско сако од лесен материјал, во кое истовремено ќе изгледате професионално но не премногу конзервативно.

При изборот на сако е важно тоа добро да стои на вашето тело а не да изгледа како нешто кое целосно ве прекрива.

Vodic-za-biznis-kezual-stil-na-oblekuvanje-za-mazi-04


Волнени џемпери

Најдобриот совет за совршен бизнис-кежуал стил лежи во изборот на совршен џемпер. Она што од нив прави совршени парчиња облека за секоја пригода е лежерниот елемент кој го внесуваат во секоја комбинација.

Џемперот облечен врз кошула ќе го задржи деловниот стил кој го наметнува канцеларијата, но истовремено ќе му додаде нота на опуштеност без да се чувствувате непријатно.

Изберете џемпер со заоблен горен дел кога станува збор за покласичен изглед или V-отвор надополнет со копчиња за поопуштен изглед.

Vodic-za-biznis-kezual-stil-na-oblekuvanje-za-mazi-05

Колку и да звучи комплицирано, изгледа едноставно.

Откако ја научивте „теоријата“, време е да се испраксирате со неколку комбинации. Овие идеи ќе ви бидат од помош:

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ким Кардашијан во кожен фустан, градите на Серена Вилијамс „претекуваат“ - Кои дами издоминираа на C... Ен Хатавеј покажа дека и тоалетата изработена од тексас може да изгледа елегантн...
Манекенски типови vs. Жени со облини – На која ѕвезда ѝ стои подобро истиот фустан? Кејт Мидлтон или Ким Кардашијан? Џенифер Анистон или Мараја Кери? Овие дами носе...
Златко Јовановски со впечатлива креација за Талија од „Росалинда“: Фустан со пердуви и бисери за Лат... „Моите креации се екстремно тешки, големи и волуменозни, а на ѕвездите кои ги но...
Модни трендови од раните 2000-ти кои денес изгледаат смешно Некои трендови никогаш не би сакале да се вратат, на пример здолништа преку фарм...
5 типа обувки кои ќе бидат во тренд до крајот на зимата Од спортски патики со голема платформа, до тренди чизми - Какви обувки ќе бидат ...
Впечатливи фустани, светки и уникатни шешири - Модата на изборот за Маж на годината 2023 Црни класични фустани, облека со светки, но и шешири во интересни форми избраа г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg