Òд по облаците со новата линија Geox Nebula

Колекцијата пролет/лето 2016 на италијанскиот бренд Geox  доаѓа со специјална нова линија на уште поусовршена технологија, која овозможува лесен од, налик на чекор по облаците.

od-po-oblacite-so-novata-linija-geoc-nebula-01.jpg

Направена за оние кои се движат низ животот со незапирлива енергија, со дополнителен систем на дишење, линијата Nebula обезбедува удобност и регулација на температурата без разлика на сезоната.

Таа претставува еволуција на концептот на Geox, благодарение на новиот мрежест, внатрешен систем, кој овозможува стопалата да дишат во сите правци. Дополнително, новиот ѓон на овие обувки се карактеризира со флексибилност, мекост и стабилност. Ѓонот е дизајниран да ги следи природните точки на контакт на стопалата, а е направен од материјали кои овозможуваат леснотија во активните и исполнети денови. Сето ова е дополнето и со водоотпорноста на чевлите за уште полесно секојдневно функционирање во секакви временски услови.

Дизајнот на новите обувки од Geox е современ и софистициран, а асоцира на динамичноста на модерното секојдневие. Обувките од колекцијата за жени и мажи доаѓаат во повеќе бои, такашто нивното комбинирањето е лесен и забавен процес.

Линијата Geox Nebula со своите уникатни карактеристики и впечатлив изглед е дефинитивно нов “must-have” тренд за сезоната пролет/лето 2016.

Би можело да ве интересира:

Седум парчиња што изгледаат одлично со тесни фармерки Широко сако, бејзбол капче, но и високи чизми – омилениот модел на милениумците ...
Предлог комбинации со кафеава боја – безвременска класика што е идеална за зима (фото) Тешко е да направите модна утка  со кафеава боја бидејќи лесно се комбинира...
8 модели на чанти кои ќе доминираат во лето 2025 Мини торбички со висечки реси или школки, форми инспирирани од летото и морскиот...
Пет бои кои лесно се комбинираат (и се носат во секоја сезона) Впечатлива, но не и нападна, маслинестата зелена е идеална за секоја сезона, а д...
За најхрабрите: Како да носите високи чорапи (со жартиери), а да не изгледате вулгарно? Ако сте храбри или ако сакате да експериментирате со стилот, тогаш зошто да не н...
Како се облекоа најубавите дами на забавата по Victoria’s Secret шоуто – голотија и долна облека нас... Проѕирни фустани низ кои ѕирка долната облека, мини шорцеви, високи секси чорапи...

Најчитани неделава