MANGO ја презентира гранџ тенденцијата од ’90-те и новиот металик тренд во соработка со Карли Клос

Инспириран од гранџ културата на 90-ите, New Metallics е третиот тренд кој MANGO го презентира сезонава. Овојпат, трендот го претставува американката Карли Клос која со своите 23 години е веќе еден од врвните топ модели на денешницата.

mango-ja-prezentira-grandz-tendencijata-od-90te-i-noviot-metalik-trend-vo-sorabotka-so-karli-klos-1.jpg

По  трендовите Tribal Spirit и Soft Minimal, во април фокусот е на таканаречениот  New Metallics тренд, кој вклучува парчиња со рок енд рол елементи, мини фустани, кратки јакни, многу тексас, чизми до глужд, спортски обувки, но и високи потпетици.

Некои елегантни фустани и одделни парчиња имаат метални украси и светкави додатоци како монистри за да се долови ексцентричноста и безгрпжноста со која пејачите како Кортни Лав ја обележаа гранџ декадата.

Новата кампања која е направена на почетокот на февруари ќе биде активна од 1-ви април, што ќе се поистовети и со пристигнувањето на колекцијата инспирирана од овој нов тренд во продавниците.

Карли Клос, која веќе соработувала со брендот во повеќе наврати, вели: “Работењето со MANGO за да се оживее рок инспирацијата и трендот New Metallics” беше навистина интересна. Парчињата од колекцијата се оригинални и ја доловуваат енергијата на фотосесијата која се претвори во вистинска диско забава.”

Би можело да ве интересира:

5 неутрални нијанси идеални за есенски и зимски комбинации, ако ви здодеа црна (фото) Ако сакате неутрални нијанси, но веќе ви е „преку глава“ од црна, експериментира...
Чести модни грешки со кои самите несвесно си додавате години Многу жени избираат искинати фармерки со надеж дека ќе им дадат младешки изглед....
Јакни и палта што треба да ги избегнувате по 45-тата година – прават да изгледате постаро Тексас јакната може да ве подмлади, но сè додека е еднобојна. Моделите со принто...
Шест бои што ќе бидат хит за зимските комбинации (и една што излегува од мода) Сите нијанси на кафена, но и зелена како лимета – шест бои што ќе ги гледаме нас...
Модата на првата вечер на Shtip Fashion Days 2026: Што облекоа посетителите? (фото) Модната дама Маја Ацески во транспарентен аутфит со точки и впечатлив металик ма...
9 модни парчиња кои не треба да ги купувате за есен-зима 2025 (излезени се од мода) Беж чизмите до глужд со патент и дрвена штикла заменете ги уште веднаш со чокола...

Најчитани неделава