Пареа за освежување на антилопот: Трикови за одржување на чевлите во совршена состојба

Нема ништо полошо за вашите чевли од кал и прашина. Затоа, ако сакате вашите чевли да ве служат подолго морате соодветно да ги заштитите од овие нивни непријатели.

10-trikovi-kako-da-gi-odrzuvate-vasite-cevli-vo-sovrsena-sostojba-01

Добрата вест е што воопшто не морате да трошите огромна сума пари на скапи спрејови или други средства за третирање, туку слободно можете да се послужите со овие мали трикови користејќи работи кои веќе ги имате во домот.

1. Раширете ги тесните чевли со помош на фен

За да ги раширите тесните кожни чевли, облечете дебели чорапи и загрејте ги со фен сите делови каде чевлите ве стегаат, околу 30 секунди.

Потоа исклучете го фенот и движете се низ собата додека не се изладат. Внимавајте фенот да биде на растојание од барем 10cm од чевлите.

10-trikovi-kako-da-gi-odrzuvate-vasite-cevli-vo-sovrsena-sostojba-1.jpg

2. Кадифено марамче за полирање на лакираните чевли

Откако ќе ги измиете чевлите, исполирајте ги со кадифено марамче. Ако постојано ја повторувате оваа постапка, вашите чевли воопшто нема да изгледаат старо дури и ако ги носите со години.

10-trikovi-kako-da-gi-odrzuvate-vasite-cevli-vo-sovrsena-sostojba-2.jpg

3. Ослободете се од дамките на антилопните чизми

Ако забележите свежа мрсна дамка, посипете ја со пудра или скроб. Овие супстанции ќе ја апсорбираат нечистотијата, па по 4-5 часа ќе треба само само да ги исчистите истите со четка и дамките веќе ќе станат минато.

10-trikovi-kako-da-gi-odrzuvate-vasite-cevli-vo-sovrsena-sostojba-3.jpg

4. Избелување на ѓоновите

Пастата за заби е тајната состојка со која ѓоновите на вашите патики ќе блеснат во сиот свој сјај. Нанесете малку паста врз ѓонот и убавo истријте со стара четкичка за заби.

Имајте на ум дека пастата треба да биде бела и да не содржи адитиви во форма на бои.

10-trikovi-kako-da-gi-odrzuvate-vasite-cevli-vo-sovrsena-sostojba-4.jpg

5. Сушење на мокри чевли

Кожните чевли може да се исушат со весници така што најпрво ќе ја наполните внатрешноста со стуткани страници, а потоа ќе ги обвиткате и надворешно.

Внимавајте да не користите весници со фотографии или премногу мастило. Менувајте ги весниците на неколку часа.

10-trikovi-kako-da-gi-odrzuvate-vasite-cevli-vo-sovrsena-sostojba-5.jpg

6. Пареата ги освежува антилопните чевли

Антилопните чевли стануваат груби кога се изложени на вода, топлина и други фактори. За да го продолжите нивниот живот искористете ја функцијата на испуштање пареа на вашата пегла.

Значи не ја допирајте пеглата до чевлите, туку само доближете ја и испуштете пареа.

10-trikovi-kako-da-gi-odrzuvate-vasite-cevli-vo-sovrsena-sostojba6.jpg

7. Раширување на кожени чевли

Овој трик може да се користи и за еко-кожа, но само доколку е со добар квалитет. Прво загрејте малку вода до точка на вриење.

Кога водата ќе почне да врие истурете ја во чевлите и оставете ја од отстои неколку секунди. Потоа истурете ја и облечете ги чевлите, чекорејќи наоколу додека не се исушат.

10-trikovi-kako-da-gi-odrzuvate-vasite-cevli-vo-sovrsena-sostojba-7.jpg

8. Ослободете се од непријатните мириси

Оцетната киселина ќе ви помогне да го решите проблемот со непријатните мириси. Натопете памукче во 6% или 9% оцетна киселина и со него избришете ја внатрешноста на чевлите. Потоа оставете ги да се исушат на отворено.

10-trikovi-kako-da-gi-odrzuvate-vasite-cevli-vo-sovrsena-sostojba-8.jpg

9. Чистење на патиките

Навлажнете ги патиките и ставете врз нив нив прашок за избелување и на ѓонот и на материјалот. Почекајте 15 минути, поминете ги убаво со четка и исплакнете ги со вода.

10-trikovi-kako-da-gi-odrzuvate-vasite-cevli-vo-sovrsena-sostojba-9.jpg

10. Водоотпорни чевли

За да заштитите вашите чевли од впивање на премногу вода, поминете ги рабовите неколку пати со ленено масло.

10-trikovi-kako-da-gi-odrzuvate-vasite-cevli-vo-sovrsena-sostojba-10.jpg

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зебра принтот е новиот фаворит на инфлуенсерките – како да го вметнете во зимските комбинации? (фото... Изгледа впечатливо, но не е премногу нападен, па тешко е да направите грешка и д...
8 модни парчиња за тренди есенски комбинации Краток мантил наместо долг, кошула на риги, но и бермуди во комбинација со хулах...
Осум работи на кои мора да обрнете внимание кога купувате облека онлајн За парчиња со принт, обрнете внимание на шевовите, а секогаш е подобро да купува...
Нина Ангеловска издоминира во фустан со оскаровски гламур на настан, покрај сопругот (фото) Со елеганција и префинетост во впечатлива тоалета блесна Нина Ангеловска, претсе...
Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Tokyo James во Милано Нашиот интернационален модел, Ивана Манас, која со години работи на светската мо...
Јакни и палта што треба да ги избегнувате по 45-тата година – прават да изгледате постаро Тексас јакната може да ве подмлади, но сè додека е еднобојна. Моделите со принто...

Најчитани неделава