10 најдобро облечени мажи за 2016-та според магазинот GQ
Земајќи го предвид кежуал стилот, но и свечените избори на популарните момци, магазинот GQ ја состави листата на најдобро облечени мажи за 2016-та година.

„Со голема почит кон Канје Вест, Џорџ Клуни, Фарел и Рајан Гослинг, оваа година одлучивме да бидеме поинакви. Овојпат зборуваме за луѓе кои изгледаат подеднакво добро и во улични комбинации, но и на црвениот тепих,“ гласи најавата на магазинот.
На првото место се најде 17-годишниот модел Лаки Блу Смит, кој со моделинг се занимава од својата 10-та година. Познат е по својата плтинеста коса и прекрасните сини очи.

Остатокот од листата изгледа вака:
2. Еди Редмејн

3. Дрејк

4. Футур

5. Идрис Елба

6. Одел Бекам Џуниор

7. Дипло

8. Рајан Рејнолдс

9. Хери Стајлс

10. Том Харди

Кого би избришале, а кој би додале на листата?
М. Д. | Црнобело