Претворете ги обичните апостолки во модерни и елегантни обувки
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Продавач 19-11-2018


Претворете ги обичните апостолки во модерни и елегантни обувки

Летото е периодот кога апостолките се една од работите кои најмногу би сакале да ги имате на нозете токму заради фактот што се целосно отворени и не создаваат доплнителна топлина за вашите нозе.

Pretvorete-gi-obicnite-apostolki-vo-moderni-i-elegantni-obuvki-001.jpg

Ако ви се здосадија обичните апостолки време е да ги земете работите во свои раце и од нив да направите нешто многу помодерно и позабавно.

Во склад со бојата на апостолките изберете го и материјалот за работа.

Потребни ви се:

  • апостолки
  • сатенска или свилена лента во боја на апостолките
  • декоративни бисери во различни големини
  • игла и конец

Постапката:

1. Замотајте ги ременчињата на апостолките со сатенска или свилена лента, прицврстувајќи ги за краевите со помош на игла и конец.

Pretvorete-gi-obicnite-apostolki-vo-moderni-i-elegantni-obuvki-02

2. Откако ќе ги обвиткате целите ременчиња, започнете со наизменично превиткување на предниот дел, така што ќе добиете триаголник како основа. Добро зацврстете го со конец за да не се лизга.

Pretvorete-gi-obicnite-apostolki-vo-moderni-i-elegantni-obuvki-04

3. Добиената форма би требало да изгледа вака:

Pretvorete-gi-obicnite-apostolki-vo-moderni-i-elegantni-obuvki-05

4. Зашијте ги бисерите врз лентата, онака како што вас ви се допаѓа.

Pretvorete-gi-obicnite-apostolki-vo-moderni-i-elegantni-obuvki-06

5. На убаво негувани стапала и лакирани нокти, новите апостолки ќе изгледаат навистина фантастично.

Pretvorete-gi-obicnite-apostolki-vo-moderni-i-elegantni-obuvki-07

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

30 предлози за есенски, комплетно црни комбинации Елегантни, моќни и наједноставни за составување – зборуваме за комбинациите кои ...
Најбараниот џемпер на Pinterest за есен-зима 2018 (фото) Ја отворивме сезоната на топли и меки џемпери, а идеи за комбинации секогаш бара...
5 бои коишто совршено одат во комбинација со црвената, а не се црна и ... Црвената важи за една од најхрабрите, најмоќните и највозбудливите бои кои што ...

Најчитани неделава