Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


8 трикови со кои ќе ја разликувате квалитетната од евтината облека како експерт

На секој му се има случено да купи кошула која по едно носење ќе се распара на рабовите или фармерки кои ќе се „излижат“ после петтото облекување.

8-trikovi-so-koi-ke-ja-razlikuvate-kvalitetnata-od-evtinata-obleka-kako-ekspert-001.jpg

Тоа не значи дека продавачите ве надитриле, туку само дека не сте ги знаеле следниве 10 трикови.

Заштедете си пари и скратете си ги нервозите при следното одење во шопинг:

1. За да го проверите квалитетот на кошулата која сакате да ја купите, ставете ја раката во неа и погледнете ја на добро светло. Колку што материјалот е потенок, квалитетот е толку поголем гласи правилото.

8-trikovi-so-koi-ke-ja-razlikuvate-kvalitetnata-od-evtinata-obleka-kako-ekspert-01.jpg


2.
Направете тест со туткање. Фатете мало ќоше и стуткајте го со раката. Држете неколку секунди, потоа пуштете. Ако облеката остане стуткана и не се исправи по неколку секунди, веројатно нема добро да помине при првото перење.

8-trikovi-so-koi-ke-ja-razlikuvate-kvalitetnata-od-evtinata-obleka-kako-ekspert-02.jpg


3.
Тестот со растегнување е посебно корисен кога купувате здолништа или џемпери. Ако материјалот се враќа во првобитната форма, тогаш се работи за квалитетно парче. Ако остане развлечен по првото растегнување, не ни помислувајте да го купите.

8-trikovi-so-koi-ke-ja-razlikuvate-kvalitetnata-od-evtinata-obleka-kako-ekspert-03.jpg


4.
Избегнувајте патенти кои се гледаат, тие се знак за неквалитетно парче облека. Патентот би требало да е скриен под мало парче материјал и да нема драстично различна боја од материјалот.

8-trikovi-so-koi-ke-ja-razlikuvate-kvalitetnata-od-evtinata-obleka-kako-ekspert-04.jpg


5.
Проверете дали шарата се совпаѓа на рабовите. Ова посебно важи за ситни и комплицирани дезени кои ако се скроени на брзина, нема да се поклопуваат на краевите.

8-trikovi-so-koi-ke-ja-razlikuvate-kvalitetnata-od-evtinata-obleka-kako-ekspert-05.jpg


6.
Исто така, проверете го и крајот на патентот. Ако едната страна е подолга од другата, барем и за сантиметар, не купувајте.

8-trikovi-so-koi-ke-ja-razlikuvate-kvalitetnata-od-evtinata-obleka-kako-ekspert-06.jpg


7.
Ако облеката има копчиња, проверете ги дупчињата. Ако се зашиени со соодветен конец, а не се оставени како што се исечени, тогаш држите квалитетно парче облека.

8-trikovi-so-koi-ke-ja-razlikuvate-kvalitetnata-od-evtinata-obleka-kako-ekspert-07.jpg


8.
Линиите на палтата и сакоата се добар знак. Само квалитетните палта имаат дополнителни парчиња материјал кој ја држи поставата.

8-trikovi-so-koi-ke-ja-razlikuvate-kvalitetnata-od-evtinata-obleka-kako-ekspert-08.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ријана со гол труднички стомак, Хејли Бибер блеска во корсет-фустан – Што облекоа ѕвездите на забави... Зендеја го замени оделото за црвен фустан со крзно одозгоре, а Хејли Бибер забле...
Антониа Гиговска - мрежест комбинезон, Каролина подискретно: Како познатите Македонки ја носат црвен... Од црвената бунда и комбинезонот на Антониа Гиговска до црвениот коктел фустан н...
Голиот задник на Зои Кравиц издоминира на забавата по Оскарите - нејзиниот фустан ги подели мислењат... Фустанот на Зои Кравиц ги подели мислењата. Таа не носи гаќички и во фокус е неј...
Која е девојката што со модниот стил го привлече вниманието на затворањето на Shtip Fashion Days 202... „Секогаш кога стилизирам облека, низ глава ми поминува мотото ‘more is more’“, в...
Златко Јовановски издоминира со круна на Модната недела во Париз: „Имав 5 креации, сите со рачно вез... „Ќе ви кажам една тајна - колекцијата требаше да брои 10 креации, но времето нè ...
12 невести кои наместо бели венчаници избраа уникатни фустани за својата свадба (фото) „Свршеникот и семејството со месеци ме тераа да облечам бела венчаница наместо ц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg