Време е за цветни фустани!

Со првите сончеви зраци и мирис на пролет во воздухот, се појавува и желбата да го облечете омилениот цветен фустан, зар не?

vreme-e-za-cvetni-fustani-1.jpg

Фустаните со цветен дезен не се нов тренд на модната сцена. Присутни се од сезона во сезона, но секоја пролет одново го пронаоѓаат патот до нашите срца и се омиленото парче облека на многу жени.

Цветните фустани се романтични, женствени и идеални за секоја прилика, од лежерен изглед за прошетка и дневни излегувања, па сè до посвечена варијанта за коктел забави или свадбени прослави. Се разбира, сè зависи од моделот на фустанот. Сестрани се и лесни за комбинирање, така што постојат многубројни начини на кои можете да ги носите.

Кратки, долги, со обемни сукњи или „пенсил“ крој - фустаните со цветен принт се застапени во сите нови колекции за пролет/лето 2017, како на луксузните дизајнерски куќи, така и на популарните брендови за улична мода. Во каталозите на Mango, H&M, Zara, Bershka и Pull&Bear пронајдовме преубави модели за престојната пролет.

Погледнете што сè има во сезонската понуда и како трендсетерките ги комбинираат преубавите фустани со флорален дезен.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да носите реси ова лето (а да не изгледате како во 2016-та)? Едноделните костими за капење со реси на горниот дел се огромен хит, исто како и...
Тренди летни аутфити со панталони (ако не сте фан на фустани и здолништа) Панталони со риги и бела кроп топ маичка или широки панталони и блуза на врзувањ...
Урбани дами, кул девојки: Уличната мода во Скопје во лето 2025, низ папарацо фотки на Инстаграм проф... Од дами облечени во тон со својот цветен велосипед до млади и урбани девојки со ...
Како да ги носите летните слип фустани во зимски комбинации? Ако премногу ги сакате лесните слип фустани за да ги ставите под кревет, имаме п...
Александар Ортаковски со капсул-колекцијата Lady слави 4-годишнина од лансирањето на брендот ТАО Нашиот моден дизајнер Александар Ортаковски Ортак со капсул-колекцијата Lady сла...
Предлог комбинации: Осум принтови кои се огромен хит оваа пролет Цветниот принт, но во посуптилна верзија, како и животинскиот принт во секоја фо...

Најчитани неделава