Што нема никогаш да најдете во плакарот на една парижанка?

Парижанките се познати како кралици на добриот стил и заведувањето.

shto-nema-nikogash-da-najdete-vo-plakarot-na-edna-parizhanka-1.jpg

Без оглед на тоа што ќе облече, каде ќе оди или со кого ќе ја мине вечерта, шик парижанката секогаш го избира она што најмногу ѝ прилега.

Нејзината главна тајна е суптилноста и природноста. И тоа знае како најдобро да го искористи.

shto-nema-nikogash-da-najdete-vo-plakarot-na-edna-parizhanka-2.jpg

Што нема никогаш да најдете во плакарот на една парижанка?

Сурово искрениот одговор го пронајдовме во светскиот бестселер „Како да бидеш парижанка, каде и да си“, (достапна и на македонски јазик во издание на „Полица“), кој открива дека една вистинска дама од Париз по никоја цена нема да облече:

  • Чевли на средна потпетица. Зошто би го живеела животот половично!?
  • Лого на некоја фирма. Па таа не е рекламна табла.
  • Најлон. Синтетика. Вискоза. Винил. Кога носиш вакви материјали, се потиш и светиш истовремено. Не само што мирисаш, туку и сè се познава.
  • Тренерки. Ниеден маж не смее да те види во тренерки. Освен твојот фитнес-инструктор. Па дури ни тој.
  • Фармерки од последната мода, намерно искинати или со разни шари. Ваквата облека е одлична, ама во Боливуд.
  • Крзнени чизми „UGG“. Едноставно, не.
  • Маичка до папок. Затоа што повеќе немаш петнаесет години.
  • Фалсификувана дизајнерска чанта. Затоа што е исто како да имаш лажни гради, а комплексите не се лекуваат со копии на модни брендови.

shto-nema-nikogash-da-najdete-vo-plakarot-na-edna-parizhanka-3.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
Чести модни грешки со кои самите несвесно си додавате години Многу жени избираат искинати фармерки со надеж дека ќе им дадат младешки изглед....
Модни парчиња од 1990-тите кои ќе се вратат во полн сјај во 2025-та Фармерки со низок струк, палта од твид, рачно изработен накит - некои трендови с...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Предлог комбинации со бели фармерки, идеални за студените месеци (фото) Со морнарско сина боја или со дебел џемпер – белите фармерки се идеални за во зи...
Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...

Најчитани неделава