Предлог комбинации: Како да носите црвено во пролет?

Црвената е боја на страста и љубовта, а има и магична моќ да ни измами насмевка на лицето.

23-crveni-kombinacii-za-prolet-1.jpg

Повеќе има статус на модна класика, отколку на тренд, но тоа не значи дека нема да изгледате атрактивно, модерно и актуелно кога и да облечете нешто црвено на себе.

Оваа сезона таа не е во фокусот, но е присутна во колор-блок комбинациите кои ќе ја одбележат пролетта.

Многу жени ја обожуваат, но постојат и такви кои целосно ја избегнуваат. Сепак, ви се допаѓала или не, едно е сигурно - црвената боја привлекува внимание, а најчесто ја носат жени со висока самодоверба, но и стил.

Нашиот совет е, доколку не ви е на врвот на омилени бои, да додадете барем мал црвен детаљ на гардеробата, или, пак да одберете кармин за усни или лак за нокти во оваа боја. Многу наскоро, ќе ја откриете и вие нејзината моќ.

Црвено здолниште, палто, чевли или аксесоар – изборот е ваш. Црвената секако ќе го направи повпечатлив вашиот изглед.

Во продолжение, ви нудиме 23 преубави модни комбинации во кои токму црвената боја е протагонист.

Инспирирајте и бидете забележани на градските улици:

 М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
Комбинации со чизмите кои се хит за оваа сезона – ги обожаваат и Македонките (фото) Оригиналните Givenchy чизми на преклоп кои ги носи Аделина се околу 4.000 евра, ...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...
Кобалтно сината е најпопуларната боја за 2026-та – како да ја комбинирате? (фото) Ако не сакате да ризикувате, можете да ја освежите комбинацијата со кобалтно син...
8 есенски парчиња за жени над 40 со кои секогаш ќе изгледате тренди Палто од велур, широки дебели панталони, но и плетен комплет. Палто од велур,...

Најчитани неделава