Мажи во кратки комбинезони - нов тренд на летото?! (фото + видео)

Единственото парче облека кое досега недостасуваше во машкиот гардеробер, пристигнува баш во вистинското време - во пресрет на топлите денови и летните фестивали.

mazhi-vo-kratki-kombinezoni-nov-trend-na-letoto-foto-video-1.jpg

Какви кошули, поло маици и панталони? Според визијата на модниот проект RompHim, мажите оваа година би требало храбро да прошетаат низ градот во жешки комбинезони. Со куси ракави и шорцеви, тие ќе им овозможат слободно да се движат, а притоа да не загубат од мажественоста. Или, не?

mazhi-vo-kratki-kombinezoni-nov-trend-na-letoto-foto-video-5.jpg

Модниот бренд АCED Design од Чикаго ги претстави кратките комбинезони за мажи на KickStarter, а колку и да звучи смешно идејата, момците кои стојат зад проектот веќе собрале четирикратно повеќе пари од планираната сума.

mazhi-vo-kratki-kombinezoni-nov-trend-na-letoto-foto-video-3.png

Кратките комбинезони се спој од панталончиња и летна кошула, а достапни се во пастелни бои и весели дезени, со прилагодлив струк, џебови од предната и задната страна, како и моженост да ги облечете во само еден потег.  

mazhi-vo-kratki-kombinezoni-nov-trend-na-letoto-foto-video-4.jpg

„Си седевме една вечер, пиевме пиво и разговаравме околу опциите за машката облека.“ - напишаа на страницата KickStarter школските пријатели кои го основале брендот. - „Се запрашавме зошто не постои некое парче во кое и мажите ќе бидат модерни, без да ја жртвуваат удобноста. А, сите наши критериуми нè доведоа до идејата да го направиме првиот машки комбинезон.“

mazhi-vo-kratki-kombinezoni-nov-trend-na-letoto-foto-video-6.jpg

Сепак, машкиот комбинезон и не е некоја новина. Како најзапаметен останува светло синиот, уште пократок модел, во кој без проблем се појави Шон Конери на големото платно, односно во филмот „Goldfinger“ од 1964 година, покажувајќи им ги на обожавателките разголените нозе.

mazhi-vo-kratki-kombinezoni-nov-trend-na-letoto-foto-video-7.jpg

Производот привлече големо внимание во јавноста, па овие денови многубројни светски медиуми веќе пишуваат за кратките машки комбинезони, а секако, сосема очекувано - мислењата се поделени.

Како вам ви се чини оваа идеја?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...
Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...
Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото) Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...
Папучи со широки ремчиња наместо апостолки, блузи со голо рамо - Како да бидете шик ова лето? Оваа сезона, постојат работи кои навистина ќе мора да останат во вашиот плакар и...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...

Најчитани неделава