Панталони со пруги - идеални за лето (фото)

Пругастиот дезен е класичен и модерен истовремено, а ваквиот дизајн на панталони е мошне посакуван моден избор за сончевите летни денови.

pantaloni-so-prugi-idealni-za-leto-foto-1.jpg

Пругите на облеката се масовен тренд оваа сезона. Покрај пругастите кошули кои може да се пронајдат во продавниците на сите брендови за висока улична мода, претстојното лето големо внимание ќе привлечат и панталоните со вертикални пруги, внесувајќи свеж призвук во гардеробата на секоја дама.

Панталоните со пруги одговараат на секој облик на тело, затоа што визуелно ги издолжуваат нозете и сокриваат сите недостатоци.

Оваа сезона се носат широки панталони со пругаст дезен, во кои ќе изгледате модерно, а во исто време ќе се чувствувате многу пријатно.

За сончевите летни денови, изберете си пругасти панталони кои се направени од природни материјали, како што се памучно платно, лен или свила.

Едноставни се за комбинирање и може да ги носите во тандем со патики, маички, лежерни блузи, пак, кожна јакна или некое потопло парче - секако, при пониски температури.

За вечерните прилики, панталоните со пругаст дезен може да ги облечете со елегантни кошули и високи потпетици, постигнувајќи префинет и елегантен изглед.

Во продолжение, ви издвојуваме неколку впечатливи и стилски модели на пругасти панталони како инспирација. Ѕирнете ги фотките во галеријата и испланирајте ја вашата добитна летна комбинација:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...
6 тренди модели на панталони, идеални за пролетни комбинации Панталони со риги, широки панталони со кралско сина нијанса, но и хеланки – неко...
Моден аутфит со кој нема да сте здодевни на работа – 16 комбинации на фустан со патики (фото) Трендсетерките имаат трик со кој секој фустан го претвораат во деловна комбинаци...
Модни комбинации со панталони што ѝ одговараат на секоја жена - Како да ги носите оваа есен? Со доаѓањето на есента, дождот и студеното време, лесните фустани ги заменуваме ...
5 модни комбинации кои се удобни за патување, а изгледаат стилски Ленен комплет со тренди влечки или кратки панталони и маичка – и во удобна облек...
Осум тренди парчиња што ви се доволни за да го поминете целото лето Ленените панталони се задолжително летно парче, исто како и едноставната еднобој...

Најчитани неделава