Според Pinterest: 8-те најпопуларни модни трендови за лето 2017

Летото е на прагот, а повеќето дами веќе размислуваат за сезонска обнова на гардеробата. Кои се модните парчиња што ќе ги гледаме насекаде?

spored-pinterest-8te-najpopularni-modni-trendovi-za-leto-2017-1.jpg

Онлајн продавниците Lyst и Polyvore, ги здружија силите со познатата социјална мрежа Pinterest, составувајќи ја топ листата со летни трендови, што корисниците најмногу ги пребаруваат за оваа сезона.

spored-pinterest-8te-najpopularni-modni-trendovi-za-leto-2017-18.jpg

Согласно статистиките, направен е списокот од осум модни парчиња, за кои е сосема сигурно дека ќе се најдат во плакарите на повеќето припаднички на понежниот пол.

Дел од нив се очекувани и веќе имаме пишувано за нив, но има и такви кои се мало изненадување.

Ова се 8-те најпопуларни модни трендови за лето 2017-та година:

1. Тексас здолништа

spored-pinterest-8te-najpopularni-modni-trendovi-za-leto-2017-2.jpg

Тексас здолништата се во центарот на вниманието речиси секое лето. Кратки, до коленици, долги – сеедно, важно е да се од тексас материјал. Оваа година, многу дизајнери пронајдоа инспирација во стилот на 90-тите, а здолништето со „А“ крој од тексас ќе биде клучно парче на летната сезона. Меѓу најпопуларните се и оние кои изгледаат како самите да сте ги пресекле.

spored-pinterest-8te-najpopularni-modni-trendovi-za-leto-2017-10.jpg

2. Хавајски кошули

spored-pinterest-8te-najpopularni-modni-trendovi-za-leto-2017-3.jpg

Иако хавајската кошула им „припаѓа“ на мажите, претстојното лето ќе си ја присвојат и жените. Во последните месец дена, ова парче го пребарувале повеќе од 180 илјади дами, па речиси е извесно дека ќе го гледаме подеднакво на социјалните мрежи и градските улици. Секако, најпрво ги очекуваме модните блогерки и трендсетерките да се прикажат во неодоливи летни комбинации со хавајски кошули. Доколку не сакате да трошите пари, ѕирнете во плакарот на вашето момче – можеби таму веќе се наоѓа една таква.

spored-pinterest-8te-najpopularni-modni-trendovi-za-leto-2017-11.jpg

3. Едноделни костими за капење

spored-pinterest-8te-najpopularni-modni-trendovi-za-leto-2017-4.jpg

Заборавете на бикините ова лето, затоа што на модниот трон се едноделните костими за капење, кои ги прославија манекенките како Кендал Џенер и Бела Хадид, но и филмот „Чувари на плажа“, што моментално се прикажува и во нашите кина. За лето 2017-та година, најмодерни се романтичните едноделни костими за капење со карнери, апликации, но и оние со натписи и занимливи слогани.

spored-pinterest-8te-najpopularni-modni-trendovi-za-leto-2017-12.jpg

4. Кариран дезен

spored-pinterest-8te-najpopularni-modni-trendovi-za-leto-2017-5.jpg

Ситното каро, попознато во модниот свет како „гингам“ принт, беше помеѓу најпопуларните и минатото лето, особено кога се кошулите на преклоп и оние со спуштени ракави во прашање. Но, Pinterest открива дека оваа година карираниот дезен се пребарува двојно повеќе од претходната, па ќе биде исклучително популарен во текот на најтоплата сезона. Малите квадратчиња, посебно тие во црна, сина и црвена боја, ќе се носат на фустаните, кошулите, здолништата, па дури и на обувките.

spored-pinterest-8te-najpopularni-modni-trendovi-za-leto-2017-13.jpg

5. Рамни обувки со интересни детали

spored-pinterest-8te-najpopularni-modni-trendovi-za-leto-2017-6_copy.jpg

Составен дел од сечиј овогодишен летен изглед ќе бидат рамните обувки, украсени на разни начини – со ресички, машни, циркони, помпон-топчиња, пердуви итн. И патиките никогаш не изгледале поубаво, а најпопуларни се тие што се декорирани со мноштво апликации, везови или бисерчиња.

spored-pinterest-8te-najpopularni-modni-trendovi-za-leto-2017-14.jpg

6. Суптилна розова боја

spored-pinterest-8te-najpopularni-modni-trendovi-za-leto-2017-7.jpg

Нежната розова нијанса, со популарен назив „millennial pink“, ги преплави летните колекции на дизајнерските куќи и брендовите за висока улична мода. Фустани, маици, бомбер јакни или сандали – за што и да се одлучите, ќе бидете во тренд ова лето. Ја нарекуваат и боја на сезоната, а не е резервирана само за жени, туку и за мажите. Покрај во модниот свет, оваа боја е хит и во светот на убавината, но и во уредувањето на домот.

spored-pinterest-8te-najpopularni-modni-trendovi-za-leto-2017-15.jpg

7. Чантички околу струкот

spored-pinterest-8te-najpopularni-modni-trendovi-za-leto-2017-8.jpg

Некогаш ваквите практични чантички ги користеа туристите, или, пак, се носеа на тренинг и трчање. Сега се враќаат на голема врата, а кој е повторно заслужен за нив? Се разбира, Кендал Џенер, која не се одвојува од своите. Денес не се резервирани само за спортски активности, туку големите модни куќи претставуваат луксузни верзии на чантички што се носат околу половината. Трендсетерките ги обожуваат и веќе ги прогласија за клучен летен тренд.

spored-pinterest-8te-najpopularni-modni-trendovi-za-leto-2017-16.jpg

8. Плетени чанти

spored-pinterest-8te-najpopularni-modni-trendovi-za-leto-2017-9.jpg

Плетените чанти се носат и оваа сезона. Идеални се за дневни и вечерни варијанти, а трендсетерките едноставно ги обожуваат.  Достапни се во различни верзии, од клач модели до симпатични торбички кои изгледаат како корпи.  Но, претстојното лето тие нема да се нималку обични, туку украсени со иницијали, ресички, чипка, долги или кратки рачки, како и повеќе бои и величини. Ќе се носат по плажите, но и по градскиот асфалт.

spored-pinterest-8te-najpopularni-modni-trendovi-za-leto-2017-17.jpg

Кој е вашиот омилен тренд за сончевата сезона? 

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
9 модни парчиња кои не треба да ги купувате за есен-зима 2025 (излезени се од мода) Беж чизмите до глужд со патент и дрвена штикла заменете ги уште веднаш со чокола...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
14 модни трендови за мажи, кои ќе бидат популарни до крајот на 2025-та Од сафари јакни, преку кафеави парчиња, до чизми со врвки и сатенски тренерки - ...

Најчитани неделава