Кратки совети за убавина

kratki-soveti-za-ubavina-povekjeЧесто пати со пријателките и пријателите споделуваме разни совети за убавина, но различните мислења доведуваат до тоа да станеме...

 

...скептици за предлозите за убавина кои не се баш логични.

kratki-soveti-za-ubavina

Но, ако и понатаму сте отворени да испробате нови работи, ова се неколку совети кои може да ги најдете корисни.

1. Ако сакате да ја освежите бојата на косата, темната коса измијте ја со шолја црно кафе, а светлата со камилица. Ставете пластична капа на главата и измијте ја за половина час.

2. Ако ви недостасува гел/пена за бричење, користете регенератор за коса. Сапунот ја суши косата, а балсамот е далеку подобра варијанта.

3. Скршен нокт можете да го залепите со секундарен лепак. Почекајте да се засуши па нанесете лак за нокти.

4. Ако веѓите ви се разлетани, исчешлајте ги со четка за заби и потоа нанесете им хидратантна крема.

5. За да го вратите свежиот мирис на косата земете лист од стар весник и добро протријте го низ косата. Листот ги впива мирисите. Потоа на чешелот нанесете неколку капки парфем и исчешлајте се.

6. За да ви мирисаат алиштата, купете сапун со мирис на парфем и ставете го во плакарот.

7. Ви недостасува пилинг? Помешајте малку маслиново масло со ситен шеќер. Измасирајте го во кожата, а потоа измијте се со млака вода.

Би можело да ве интересира:

Македонки и Србинки се приклучија на виралниот тренд – жолта ќеса за ѓубре како Balenciaga чанта од ... Откако на филмски фестивал актерка се појави со обична ќеса што сите мислеа дека...
Како да ги комбинирате капри панталоните – „најконтроверзниот“ тренд за ова лето? Дури и да ги мразите, вреди да им дадете шанса на капри панталоните – изгледаат ...
Како да ги комбинирате фармерките со цветен принт – модниот тренд што ќе доминира до крајот на летот... Најлесно е да ги комбинирате со бела маичка, но изгледаат добро и со блузи со кр...
Столе Димитриевски носи Louis Vuitton чанта за собир на репрезентацијата - пак покажа зошто е меѓу г... „Накитил се, испеглал се, чевли светат ко огледало! Стајл кумановски, Столе ко о...
Розови влечки и лакирани нокти за црвениот тепих - Џејсон Момоа со смел моден избор, откако дојде со... Актерот, кој често знае да изненади со својот моден избор, и овој пат привлече в...
Тренди летни аутфити со панталони (ако не сте фан на фустани и здолништа) Панталони со риги и бела кроп топ маичка или широки панталони и блуза на врзувањ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg