Како изгледа уличната мода на различни страни од светот?
Во денешно време, изгледа како да модерните луѓе може да се најдат само низ улиците во одредени градови и земји, но тоа воопшто не е точно.
Модерните луѓе ги има во секоја култура и секоја од нив има нешто различно што го прави нивниот стил уникатен.
Погледнете ги овие модерни луѓе од различни страни во светот, од кои може да се научи по нешто:
Иран
Жените во Иран сакаат светли бои и во оваа земја љубителите на модата излегуваат често добро облечени. Исто така, на модерните жени таму може да се забележи дека често ставаат шалови и марами околу врат.
Индија
Младите луѓе во Индија се облекуваат како Европјани, но сепак не забораваат на нивните традиционални елементи.
Јужна Кореја
Во оваа земја постои интересен тренд – паровите и најдобрите пријатели сакаат да се облекуваат во сличен стил, користејќи слични бои на облеката.
Близок Исток
И покрај стереотипите кои постојат за овие народи, сепак не е точно дека жените не изгледаат модерно и дека се облекуваат само во црно.
Нигерија
Поголемиот дел од Нигерија живее во сиромаштија и модата ја ставаат на последно место. Но, сепак постои локална елитна мода која младите ја презентираат.
Индонезија
Овде преовладуваат светли бои и многу креативни идеи, со оглед на тоа што сите се облекуваат различно поради мешањето на култури и религии.
Финска
Во оваа земја многу е застапено купувањето облека од втора рака, наместо од брендови. Многумина ги обвинуваат Финците дека не знаат како да се облечат, но тие имаат свој стил кој го негуваат.
Јапонија
Јапонците сакаат да се облекуваат стилски и модерно, посебно младите луѓе. Нивниот стил е интересен и необичен, за разлика од оној на повозрасните, кој е подискретен.
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





