5 работи кои прават вашата гардероба да изгледа старовремски

Сė се враќа еден ден, според Законот за циклични модни трендови, но има некои работи кои веруваме дека треба да мине уште многу, многу долго време пред повторно да се вратат на модната сцена.

5-raboti-koi-pravat-vashata-garderoba-da-izgleda-starovremski-01

Ѕирнете и во вашиот гардеробер можеби потребно е генерално чистење.

Овие пет работи дефинитивно треба да бидат спакувани и однесени во подрумот:

Екстремно низок струк

Деновиве се произведуваат фармерки со низок струк, но ниту еден пар од нив нема толку низок струк што ако започнете да откопчувате секунда потоа е готово.

Тоа е затоа што фармерките со екстремно низок струк не се многу женствени, ниту комфорни што ги надминува сите други причини зошто една жена би сакала да ги носи.

5-raboti-koi-pravat-vashata-garderoba-da-izgleda-starovremski-02

Бескорисни ремени

Нема место за ремени кои немаат друг ефект освен декорација, барем не во овој период. И додека тие полека се враќаат на модната сцена тоа се случува во една сосема поинаква форма.

Новите „бескорисни“ ремени се многу подискретни од порано. Трудете се тие да изгледаат како накит, а не како трофеј на боречки шампион.

5-raboti-koi-pravat-vashata-garderoba-da-izgleda-starovremski-03

Тесни фустани

Кусите тесни фустанчиња предизвикуваат носталгија. Тие го истакнуваа телото и даваа впечаток дека сте подготвени таа ноќ да бидете диско кралица.

Нешто што ве прави секси и женствени никогаш нема да излезе од мода, но кога тие ќе се вратат на модната сцена ќе бидат малку подолги и пошироки од претходно.

5-raboti-koi-pravat-vashata-garderoba-da-izgleda-starovremski-04

Чудни чевли на платформа со отворени прсти

Најлошото издание од овие чевли е кога отворот кај прстите е кружен, а целата платформа е покриена со материјал. Сами по себе овие карактеристики се интересни, но заедно се хорор.

Подобро решение е да купите шик едноставни салонки.

5-raboti-koi-pravat-vashata-garderoba-da-izgleda-starovremski-05

Што и да се случува тука

Белата маичка може да се искористи во некоја комбинација, па дури и војничките панталони, но сė останато запалете. Сигурни сме дека комбинациите од овој тип нема никогаш да се вратат на модната сцена, па затоа веднаш фрлете ги овие парчиња.

Едно фустанче и ќе бидете нов човек.

5-raboti-koi-pravat-vashata-garderoba-da-izgleda-starovremski-06

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
Чевли кои можеби нема да ви се допаднат, а се најмодерни оваа сезона (фото) Според стилистите, овие модели се исклучително модерни, но им се допаѓаат само н...
Предлог комбинации за девојките вљубени во модата од 1990-тите (фото) Тексас шорцови, маичка и патики или, пак, тексас фустан со бели патики – која ви...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...
Папучи со широки ремчиња наместо апостолки, блузи со голо рамо - Како да бидете шик ова лето? Оваа сезона, постојат работи кои навистина ќе мора да останат во вашиот плакар и...

Најчитани неделава