Springfield есенски трендови '17

Првите есенски трендови се веќе пристигнати во продавниците на Springfield.

springfield-esenski-trendovi-17-001.jpg

Креирајте го идеалниот лежерен изглед за оваа сезона со предлог-парчињата на брендот.

BACK TO CASUAL

Уште една сезона, „колеџ“ стилот е актуелен во есенската колекција на брендот.

Тренди и урбаните парчиња во лежерен стил добиваат ретро изглед, а на моделите преовладуваат црвените, сините и светло кафените нијанси.

Деталите во оваа линија се клучни елементи кои не можат да останат незабележани.

Женствена линија со многу детали во нов и свеж изглед! Палетата на бои содржи црвена и тегет нијанса, кои се комбинираат со светло кафени тонови, присутни на џинс парчињата: фармерки, јакни и фустан-кошули. Главни елементи кои преовладуваат се пругастите шари на кошулите, џемперите и здолништата, збогатени со хералдички амблеми  и војнички копчиња.

Парчињата кои не смеете да ги пропуштите: кратко здолниште со поширок крој во пруги и војнички копчиња, џинс со странични вертикални линии, „бомбер“ јакна со контрастни бои на крагната и ракавите.

Идниго бојата без сомневање е главниот елемент во есенската колекција на мажите. Црвената и светло кафените нијанси се појавуваат како клучни бои кои даваат контраст на комбинацијата. Парчињата џинс се со поширок крој и ефекти на распарано или „носено“, додека пак кошулите се достапни во различни материјали, во карирани шари или пруги. Блузоните имаат елементи на готски букви, а јакните се изработени од лесен материјал и чисти линии. Облека за секој ден во  урбан и современ стил.

MIX & MATCH

Со доаѓањето на септември, доаѓа нов свет на контрасти во гардеробата на Springfield.

Во овој случај, новите трендови кои ги предлага брендот – контрастни нијанси и комбинацијата на принтови се главни елементи, а деталите се клучни.

Слоевито облекување зазема главна улога во комбинирањето, а јакните го задржуваат вниманието во целосниот изглед.

Карираниот принт, флоралните везови, розовата како контрастна боја и црната како основна, се клучни елементи во женската колекција за оваа нова сезона.

„Гингам“ шарата се појавува на фустаните и кошулите во нова комбинација на бои: светло кафеава и црна. Цветните везови и вештачките кожни елементи се појавуваат на јакните и џинс моделите, како и на здолништата во А-крој. За топол есенски изглед не заборавајте го пончото и розовите крзнени чанти.

Со слична низа на бои како претходната колекција -  костенливите нијанси, светло кафената и сината се основните тонови кои преовладуваат на  трендовите кои ги налага брендот за овој месец. Блузоните се повпечатливи со новите графички принтови и избледените нијанси на розова и кафена. За релаксиран изглед со доза на урбаност, одберете некој модел на парка или јакна со волна.

Фармерките добиваат поширок крој, а новите чино-панталони се достапни во сиви, сини и беж тонови.

DAILY SMART

Сет од парчиња за „кул“ канцелариски изглед. Новиот концепт кој го разви брендот во оваа линија, секој месец ќе воведува новитети и трендови во машката и женската колекција.

Женската линија се базира на  мешавина од сиви и морнарско сини тонови. Како контрастни нијанси се комбинираат розовата и светло сината боја. Како клучни елементи се појавуваат пругасти и карирани шари во посуптилно издание на широките панталони, здолништата и фустаните.

Наборите на здолништата, фустаните и блузите се повторно тренд и оваа сезона, како и ѕвонестите ракави и џемперите со „чокер“ крагни. Истите се комбинираат со други клучни парчиња - моторџиски јакни од превртена кожа, плетени фустани во различни должини и парка-јакни со ваштачко крзно.

Колекцијата за мажи добива поформален изглед, но го задржува  лежерниот дух. Палтата се комбинираат над џемперите, а парката над кошулата – новите стилски совети кои ги носи оваа колекција вклучуваат и покласични панталони, „слим фит“ чино панталони и мантили   во едноставни бои и карирани шари.

Би можело да ве интересира:

8 трендови од 2016, кои се враќаат во мода во 2026, откако сите се опседнаа Од популарните чанти кои ги носеа „it“ девојките, до тенка марама околу врат, бо...
8 трендови за накит кои ќе доминираат во есен 2025 – треба да ги имате и вие Бисери во секоја варијанта, комбинација од жолто-златни и сребрени метали, ланчи...
Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
6 бои на чевли што ќе ги носиме оваа есен (фото) Иако светлите нијанси како беж се попопуларни во потоплите месеци, можат да бида...
10 кул летни трендови за нокти (овошје на рака, „сирена“ нокти) Од нежно розови до впечатливи нокти со апстрактна уметност на нив, каков избор ќ...

Најчитани неделава